Исчезнал во Бугарија, снимен е како бега од аеродром во Варна: Мистеријата зад „најпознатата исчезната личност на Јутјуб“

Според снимите од безбедносните камери во хотелот, Ларс се однесувал чудно – делувал како да се крие во лифтот, излегувал надвор на полноќ и се враќал неколку часа подоцна.

ischeznal-vo-bugarija-snimen-e-kako-bega-od-aerodrom-vo-varna-misterijata-zad-najpoznatata-ischeznata-lichnost-na-jutjub-13.JPG

Разговарал и со мајка му и ѝ кажал дека некој пробува да го убие. Исто така ја замолил и да ја блокира неговата кредитна картичка.

Ја прашувал и за лековите што му ги препишале – Cefruoxime 500.

„Си помислив Боже, син ми е во опасност. Можев да слушнам колку брзо му чука срцето преку телефон.

Ми рече дека некои луѓе пробувале да го ограбат или да го убијат. И, зошто ме прашуваше за таблетите?“- има изјавено мајка му за германска телевизија.

ischeznal-vo-bugarija-snimen-e-kako-bega-od-aerodrom-vo-varna-misterijata-zad-najpoznatata-ischeznata-lichnost-na-jutjub-10.JPG

Ларс отишол на лекар на осми јули и му било дозволено да лета, односно да се врати назад.

Но, докторот што го прегледувал изјавил дека Ларс се однесувал чудно.

„Беше рутински преглед, но беше многу нервозен. Не им веруваше на лековите што му беа препишани за увото. Сега кога ќе се присетам, целата ситуација беше бизарна“.

ischeznal-vo-bugarija-snimen-e-kako-bega-od-aerodrom-vo-varna-misterijata-zad-najpoznatata-ischeznata-lichnost-na-jutjub-04.JPG

Ларс бил прегледан во ординација на аеродромот, а тој период на терминалот се вршеле и некои поправки.

Па, во ординацијата влегол работник, по што Ларс станал уште понервозен.

Наводно почнал да зборува нешто тивко, за на крај да рече:

„Не сакам да умрам тука. Треба да избегам“.

ischeznal-vo-bugarija-snimen-e-kako-bega-od-aerodrom-vo-varna-misterijata-zad-najpoznatata-ischeznata-lichnost-na-jutjub-11.JPG

Одеднаш Ларс излегол од ординацијата, а зад себе го оставил багажот.

Излегол од главниот излез, преку паркингот, па се упатил кон мала шума во близина на аеродромот.

Ова е моментот што е снимен на безбедносните камери од аеродромот, што се споделуваше вирално.

Ларс немал ништо со себе – паричникот, мобилниот телефон и пасошот му биле во багажот што го оставил во ординацијата.

Оттогаш му се губи секаква трага.

Околу еден месец по бизарниот инцидент, мајката на Ларс, Сандра, решила да најми приватен детектив.

Тој го изгледал видеото од аеродромот безброј пати и не можел да сфати што се случило и не успеал да ја реши мистеријата.

Постојат разни теории за чудното однесување на Ларс, но ниту една не „држи вода“.

ischeznal-vo-bugarija-snimen-e-kako-bega-od-aerodrom-vo-varna-misterijata-zad-najpoznatata-ischeznata-lichnost-na-jutjub-06.JPG

Некои мислат дека можеби се здобил со сериозна повреда на мозокот во тепачката. Но, според медицинските експерти кои биле на случајот, ваквите екстремни промени во однесувањето не се случувале неколку денови по инцидентот.

Обично биле потребни години, но и се јавувале по неколку удари на главата, а не еден - Ларс им кажал на другарите дека добил само еден бокс.

Иако Ларс се сомневал за лековите, мала е веројатноста дека и тие направиле нешто. Како што открива лекарот што го прегледал, Ларс не ги ни пиел.

„Не ги пиеше антибиотиците, па неговото однесување не би можело да биде резултат на тоа. Не можам да помислам на ниту една причина зошто така панично си замина од мојата ординација.

Уште сум збунет. И, не ми е јасно зошто си го остави багажот“.

ischeznal-vo-bugarija-snimen-e-kako-bega-od-aerodrom-vo-varna-misterijata-zad-najpoznatata-ischeznata-lichnost-na-jutjub-03.JPG

Додека видеото се споделуваше вирално и борни јутјубери пробуваа да го решат случајот, до полицијата допирале многу дојави од луѓе кои мислеле дека го виделе Ларс.

Сепак, ниту еден од нив не бил исчезнатиот Германец.

Нормално, била пребарана и целата област околу аеродромот, но не биле најдени ни тело, ни траги од Ларс.

Постојат и пострашни теории за исчезнувањето на Ларс – некои велат дека можеби станал жртва на трговија со луѓе или навистина некој го демнел и на крај го убил.

Денес, повеќе од една деценија од исчезнувањето на Ларс, никој не знае каде е. Но, дефинитивно останува запомнет како „најпозната исчезната личност на Јутјуб“.

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

„Мислев дека имам совршен живот со маж ми, но тој водел двоен живот – имал деца со друга жена и бил ... Британката Лејси била сигурна дека го живее сонот - имала сопруг кој ја сака, за...
Посвоила деца и ги терала да снимаат Јутјуб видеа, ги казнувала со тепање: Мрачната приказна зад кан... Машел Хобсон заработила милиони со нејзиниот Јутјуб канал на кој објавувала виде...
12 очајни онлајн нарачки, поради кои и ќе ви падне жал за луѓето што ги добиле (фото) „Порачав фустан и стрпливо го чекав 3 месеци, Дури и го пробав за да му дадам ша...
Се венча со неговата 13-годишна братучетка и си ја уништи кариерата: Вознемирувачката приказна за му... Кога Елвис Присли служел воен рок, на музичката сцена се појавил Џери Ли Луис ко...
„Лицето ми беше уништено по напад со жилет – морав да се откажам од кариерата како модел, но сега су... На само 25-годишна возраст, Марла Хансон, која тогаш работела како модел во Њујо...
Апчиња со арсен, шери по секој оброк – бизарни „трикови“ за слабеење од минатото Апчињата за слабеење со мало количество арсен биле хит, а извесен период жените ...

Најчитани неделава