Дечко од Хрватска, кој издава сместување, се пожали дека гостите преку Booking му оставиле хаос - Во коментари го осудија
„Гостинот платил? Да, платил! Што уште сакате – и да чисти? Јас кога јадам во ресторан не ги мијам чиниите и тенџерињата, ниту ја чистам масата“, е еден од осудувачките коментари за Дарјан од Хрватска. Кој е вашиот став – треба ли да се чисти при напуштање на сместувањето?

Дарјан Радујковиќ е дечко од Хрватска, кој е еден од многумината што издаваат апартмани за сместување преку платформите Booking и Airbnb.
Но, сега тој на својот Фејсбук профил се пожали каков неред му оставиле гостите.
фото: Фејсбук
Сепак, наместо поддршка, доби и многу негативни коментарите за својот став, дури и од други луѓе кои исто така работат со изнајмување на сместувачки капацитети.
Објавата на Дарјан:
„Еве пример како младите гости што резервираат сместување преку Booking.com го оставаат апартманот. Не е правило, но не е ни исклучок.
Причината е едноставна. Не можеш да го оцениш гостинот, да му оставиш рецензија, критика или негативен коментар.

Booking.com е платформа наменета за гостите и за неа гостите се од исклучителна важност.
За разлика од Booking.com, Airbnb не прави разлика меѓу домаќинот и гостинот. И двајцата меѓусебно се оценуваат.

Поради тоа, гостите се повнимателни кон критиките и почесто се трудат да добијат подобра оцена“.




Дел од реакциите:
„Почитуван Дарјан, навистина претеравте! И јас се занимавам со истата работа и не гледам тука некаков голем проблем.
Малку садови кои и онака треба темелно да се измијат, без разлика дали гостите ги измиле или не.
Постелнината? Не знам што според вас требало да направат? Па, вие или некој друг и онака ќе ја ставите на перење. Не ми замерувајте, но ова навистина не беше за објава.
И јас издавам на двете платформи и со договор сум се обврзала, исто како и вие, дека трошокот за чистење е на мој товар.
Затоа и не очекувам гостите да го „излижуваат“ апартманот пред да си заминат.
Очигледно сте обичен аматер и немате ниту знаење ниту искуство за оваа работа.
Ако ваква состојба ве шокира, треба да видите што оставаат некои други гости зад себе. Тогаш, веројатно, би добиле срцев удар“.

„Најдобро е во 5 часот наутро да станат, сè да ви исчистат, измијат и уште некое евро повеќе да ви остават...
Човек би очекувал по вашата објава хаос и крш, а не неизмиени садови и постелнина што не е средена.
Навистина страшно! Како можеле така да остават?
Ајде ве молам, вразумете се или немојте да издавате сместување...