Дечко од Хрватска, кој издава сместување, се пожали дека гостите преку Booking му оставиле хаос - Во коментари го осудија

„Објавата ви е одлична, а овие што коментираат поинаку очигледно се луѓе без достоинство и лична култура.
Еве јас ќе им објаснам појасно и помалку учтиво на примитивците од човечкиот род: сте платиле ПРЕСТОЈ во апартманот и не, НЕ СТЕ ДОЛЖНИ да чистите, но прашање на култура и цивилизираност е зад себе да оставите барем измиени садови, ѓубре собрано во кеса, наместени кревети или уште подобро – извадена постелнина, уредно наредени крпи наместо да се расфрлани низ бањата, балконот и по подот.
Тампони, влошки, кондоми завиткајте ги во хартија итн.
Тоа е ПРАШАЊЕ НА КУЛТУРА, А НЕ НА ЦЕНА, ПЛАЌАЊЕ ИЛИ СОПСТВЕНОСТ НА АПАРТМАНОТ ЗА ВРЕМЕ НА РЕЗЕРВАЦИЈАТА!!!“

Она што господинот сака да го каже ќе ви го објаснам преку мој пример: една госпоѓа ми остави негативна рецензија дека хигиената не била на нејзино ниво бидејќи во бокалот за вода имало бигор (вистина, моја грешка), а истата таа слезе во просторот со базен и сауна во влечки со кои веројатно претходниот ден копала по градината, бидејќи зад неа чистевме калливи траги со две кофи вода. Толку за тоа.
Ако сте платиле, имате право да нè критикувате само ако и самите сте биле примерни гости.
Кој сфати – сфати!“

„Мене би ми било срам така да оставам. Значи, на сите вас ви е нормално да оставите неред во апартман. Како ли ви е дома?
Толку ли ви е тешко да ги средите садовите?“

„Гостинот платил? Да, платил! Што уште сакате – и да чисти?
Гостинот прави неред и плаќа, а вие наплаќате и треба да чистите. Сè е вклучено во цената.
Јас кога јадам во ресторан не ги мијам чиниите и тенџерињата, ниту ја чистам масата“.
Што мислите вие?
С. С. | Црнобело / фото: depositphotos.com