Жена од Хрватска искрена на Инстаграм: „Носиме износена облека 90% од денот, дома ни е хаос, а храната - нафрлана на чинијата“
„Животот не треба да биде совршен и филтриран. Потсети се како навистина изгледа реалноста на повеќето од нас зад затворени врати“, вели Мелани Баго од Хрватска и искрено го прикажува хаосот кој го живее секој ден. Навистина е така, зарем не?

Мелани Баго (29) од Хрватска е една од ретките кои на Инстаграм сака да го прикаже реалниот живот, наместо совршената слика која повеќето ја претставуваат.
Мелани вели:
„Социјалните мрежи некогаш беа забавно бегство од реалноста – место каде што се восхитувавме на естетика, совршени домови и беспрекорни рутини.
Но, со текот на времето се случи промена: почнавме да веруваме дека таа внимателно одбрана содржина е единствената вистинска реалност.

Кога предолго гледаш само совршенство, твојот мозок полека заборава како изгледа вистинскиот свет.
Затоа одеднаш нередот, заморот, несигурноста и обичните, „здодевни“ моменти почнуваат да ни изгледаат како неуспех.
Се залажуваме дека нормалниот живот е реткост, а всушност тој е најчестата работа на светот.
Овој профил е тука да те потсети дека животот никогаш не требало да биде совршен и филтриран. Потсети се како навистина изгледа реалноста на повеќето од нас зад затворени врати“.
Нејзината објава гласи „Работи кои никогаш не ги гледам на социјалните мрежи“:
Износена облека за по дома, која всушност ја носиме 90% од времето.

Вистинска кожа со текстура, акни и пори.

Спонтани фотографии, без местење.

Едноставни оброци, без декорација.
