Направила сообраќајка, викнала полиција, па исчезнала: Детали за еден од најпопуларните случаи на Јутјуб и Редит
Истиот ден Мора му напишала и порака на дечко ѝ во која му рекла дека го сака и дека ги добива неговите пораки, но дека тој ден не ѝ се зборува со никој.
Потоа Мора се јавила во хотел и кај сопственикот на куќа за изнајмување, но не резервирала соба.
Според нејзината интернет историја, таа го проверувала и патот до градот Бурлингтон во сојузната држава Вермонт, но бидејќи не разговарала со никој за ова, не е познато каков ѝ бил планот.
Околу 15 часот, Мора извадила пари од банкомат и купила алкохол, а околу еден час подоцна, си оставила говорна порака на својата телефонска секретарка.
Снимката од безбедносната камера на банкоматот е последната снимка од неа.
Не е познато што точно правела Мора до сообраќајката која се претпоставува дека се случила помеѓу 19 и 19:25 часот.
Покрај Мора, како што спомнавме, во полиција се јавил и возач на камион, а потоа и локалец кој живеел во близина. Но, до 19:46 Мора веќе исчезнала.
Првиот полицаец кој дошол на местото на несреќата ја утврдил штетата на автомобилот, но не можел да ја лоцира Мора.
Според неговиот запис, возилото излетало од патот, удрило во дрво, се извртело и повторно застанало на автопатот.
Тој забележал и дека во автомобилот има алкохол, со знаци дека возачот (Мора) го пиел.
Потоа дошле и други надлежни лица, ја пребарувале околината, но никој не можел да ја лоцира Мора.
Полицијата верувала дека можеби пробала да изврши самоубиство, особено кога ќе се земе предвид нејзиното однесување изминатите ден-два.
Сепак, татко ѝ тврдел дека Мора немала проблеми со менталното здравје ниту каква било причина да посегне по својот живот.
Нејзините сакани веруваат дека Мора само сакала да избега од целата драма што ѝ се случувала тој период, вклучувајќи ги проблемите со сестра ѝ и нејзината условна казна.
Но, се шпекулира и дека можеби Мора не сакала да изврши самоубиство, но сигурно сакала да го напушти својот стар живот и да почне да живее со нов идентитет.
Како доказ за ова некои го наведуваат фактот дека пред да замине, Мора спакувала голем дел од нејзините предмети од студентската соба.
Исто така, од автомобилот си ги зела мобилниот телефон и ранецот, иако никогаш повторно не го употребила телефонот.
Оттогаш не е забележана ни каква било активност на нејзината банкарска сметка.
До денес, повеќе од 20 години подоцна, надлежните навистина немаат поим што се случило со Мора.
Низ годините имало дојави од луѓе кои наводно ја забележале, но ништо од ова не се покажало како релевантна трага.
Посто и сомнеж дека возачот на автобус што ја видел по сообраќајката можеби ѝ направил нешто, но ни за ова нема никакви докази.
Па, до денес истрагата стои во место
Спирова С. | Црнобело