5 фантазии кои се знак дека сте ментално и физички истрошени
Кога луѓето се соочуваат со хроничен стрес, сакаат само едно нешто – никој да не бара ништо од нив и да не им го нарушува мирот. Па, сметаат дека се подготвени да живеат и настрана од општеството, далеку од сите.

Со брзиот начин на живот од кој не можеме да избегаме, стресот е веќе норма.
Но, ако не се регулира, стресот станува хроничен, а со тоа и причина за низа психички, но и физички проблеми.
По некое време, личноста која е изложена на хроничен стрес почнува да се чувствува ментално и физички истрошена и почнува да фантазира за некои работи кои мисли дека ќе ѝ ги решат сите проблеми.
Пет работи за кои фантазираат луѓе кои се ментално и психички истрошени:
Живот настрана од општеството
Кога луѓето се соочуваат со хроничен стрес, сакаат само едно нешто – никој да не бара ништо од нив и да не им го нарушува мирот.
Кога се чувствуваат дека сите и безброј работи зависат од нив, немаат време за себе.
Па, почнуваат да фантазираат за живот настрана од општеството, особено ако немаат личност на која можат да се доверат.
Сонуваат да живеат на планина, далеку од луѓе каде што ќе треба да се грижат само за себе и никој друг.
Иако овој начин на живот не е воопшто лесен, сигурни се дека така ќе бидат посреќни.
Совршена романса
Сите знаеме дека романтичните филмови и книги ни „продаваат“ лаги за тоа како изгледа нормална здрава врска.
Но, кога луѓето почнуваат да сонуваат за ваква филмска љубов, тогаш сакаат да бидат видени, слушнати и сакани.
Сакаат некој да ги разбере и да сфати низ што минуваат.
Луѓето сонуваат за ваква романса и кога им недостасува интимност во нивната врска.

Огромно богатство
За повеќето луѓе, финансиските проблеми се главната причина зошто сонуваат за поразличен живот.
Но, додека некои сакаат да имаат само доволно за удобен живот, оние кои се пред нервен слом сонуваат дека се екстремно богати.
Мислат дека таквото богатство конечно ќе им го даде мирот по кој толку долго копнеат.
Многу пријатели
Кога животот станува претежок, многу луѓе фантазираат за тоа да имаат бројни пријатели и поактивен социјален живот, како и да бидат популарни.
Бидејќи се преплавени со обврски, очекувано е неретко да се чувствуваат осамено, па копнеат по живот каде што ќе знаат дека припаѓаат некаде.
Моќ
Кога некој е психички и ментално истрошен, се чувствува немоќно.
Па, очекувано е да фантазира да има голема моќ над другите за да може да си го намали товарот што го чувствува.
Спирова С. | Црнобело