Кензи од САД: „За 8 дена ја напуштаме Америка и се селиме во Македонија – Зошто ја избравме оваа земја?“
„За да добијам државјанство ни кажаа дека ќе треба да одиме во Македонија и да го пријавиме нашиот брак, но бидејќи сме во брак повеќе од 8 години, би требало да биде прилично едноставно“, вели Кензи од САД, на која Македонија ќе ѝ стане дом. Со сопругот, кој има потекло оттука, најверојатно ќе живеат во Гостивар.

Кензи од САД во брак е со маж, по потекло од Македонија, кој е етнички Албанец и уште како мал со семејството се преселил во Германија, каде учел градинка, а потоа во САД.

Но, по години градење живот во САД, со дом и две деца, Кензи и саканиот ќе се селат во Македонија, каде неговата мајка ги чека, а Кензи споделува детали од одбројувањето на нејзиниот Инстаграм профил „planwithkenzie“.


Нејзиниот сопруг во нејзините видеа открива дека знае да зборува албански, а македонски само некои зборови, како и дека најмногу се радува што во Македонија ќе гледа неверојатни пејзажи со планини, нешто што таму не им е секојдневие.

Кензи на својот Инстаграм профил за преселбата вели:
„Разговаравме и за други земји, но таму имаме дом, а мојот сопруг веќе има двојно државјанство. Децата добиваат двојно државјанство по потекло.
Сè уште работиме на моето, но разговаравме со амбасадата тука во Чикаго.

Ни кажаа дека ќе треба да одиме во Македонија и да го пријавиме нашиот брак, но бидејќи сме во брак повеќе од 8 години, би требало да биде прилично едноставно!
Планот е тоа да ни биде нашата основна база, а искрено, да патуваме колку што е можно повеќе!

Смешното нешто околу преселувањето во друга земја е тоа што животот не запира додека се подготвувате да заминете.
Се обидувам да бидам присутна на двете места во исто време — благодарна за животот што го оставаме зад нас и возбудена за оној што нè чека.
