Колку чинат логоата на светските брендови?

Еден од најинтересните делови при стратегиите за брендирање на големите компании е одбирањето на вистинското лого – процес кој бара многу време, визија, талент... и пари.
Но, за да имате добро лого понекогаш не е важно да ги имате првите три работи ако имате доволно од ова четвртово – пари.
Компаниите на некои дизајнери им плаќаат и по милиони долари за да имаат добро лого по кое ќе ги препознава цел свет.
Еве колку пари потрошиле дел од најголемите компании на светов:
Coca-Cola: 0 долари – основачот го смислил сам


Twitter: $15 долари – дело на британски дизајнер

Nike: $35 долари – купено од студент за графички дизајн во 1971 година

NeXT: $100.000 долари – Стив Џобс го најмил Пол Ренд за да го дизајнира логото на NeXT во 1986 година.

London 2012 Olympics: $625.000 долари


BBC – $1,8 милиони долари – од лого во бои, премина во црно-бело лого

BP: $211 милиони долари – нафтената компанија потроши толку пари за логото во 2008 година.
