20 работи кои треба да ги знаете додека да наполните 25 години

Како што поминуваат годините, учиме и стануваме свесни за многу работи. Понекогаш се каеме, но важно е дека од искуствата се учи најдобро.

20-raboti-koi-treba-da-gi-znaete-dodeka-da-napolnite-25-godini

Ако сакате да прифатите совет, ова се 20 работи кои треба да ги знаете додека да наполните 25 години:

1. Светот се обидува да те одржи глупав. Од каматите во банка до чудесни диети, луѓето кои не се образовани се многу лесни за да им ги земете парите. Учете колку можете повеќе за богатството, независноста и среќата.

2. Најдобро се учи од оние кои преживеале и искусиле нешто. Книгите и професорите не се некој извор на знаење. Вашето познавање расте преку луѓето кои имаат искуство.

3. Читајте колку можете повеќе. Една книга неделно.

4. Одржувајте контакт со сите, постојано. Научете да најдете барем една карактеристика која ви се допаѓа кај секоја личност. Возможно е.

5. Не губете време да бидете срамежливи. Апсолутно нема поента да дозволите овие емоции да ве водат во животот.

6.  Ако се чувствувате чудно за нешто во врската, тоа најчесто е и причината заради која подоцна ќе раскинете.

7. Имајте колку можете повеќе контакт со постари луѓе. Тие можат да ви помогнат многу во животот и да ве научат многу.

8. Најдете луѓе кои се покул од вас за да се дружите со нив. Немојте да бидете просечна особа во друштвото. Бидете амбициозни, пријатни, друштвени.

9. Ќе станувате сè поконзервативни со текот на времето. Ова е само факт. Оние кои ве окружуват се оние кои всушност го диктираат вашето темпо на живот. Но, секојдневните излегувања, пијанки, шетања – со тек на време нема да бидат ваш прв избор.

10. Штедете. Скратете ги трошоците колку можете повеќе. Така ќе имате повеќе за да патувате и учите нови работи!

11. Наместо да се израдувате на повремени работи, радувајте се на нови искуства. Наместо да купите нови чевли, отпатувајте во Париз.

12. Додека живеете евтино, решете ги проблемите со парите. Учете, најдете работа, одете на курсеви, семинари, надоградувајте се. Почнете да стекнувате нешто ваше. Ќе треба да имате и фамилија.

13. Учете јазици. Познавајте барем 2 светски јазици покрај англискиот.

14. Вежбајте. Фитнес, трчање, аеробик – формата се стекнува додека сте млади.

15. Научете да готвите. Уживате во храната на мајка ви? Сте ја прашале некогаш како се прави турли тава?

16. Спијте. Не сте ефикасни ако не сте наспани!

17. Користете потсетник. Не, нема да запомните. Денес има еден куп апликации како да не заборавите ништо што ви е планирано.

18. Поставете си цел кон која ќе се стремите на професионален план.

19. Станете познати по нешто. На пример, 5 години одете на танцување латино танци. Или волонтирајте во некоја невладина организација.

20.  Не обидувајте се да „поправите“ некого. Наместо ова, побарајте некој кој не е „расипан“.

Би можело да ве интересира:

8 работи што секој татко мора да ѝ ги каже на својата ќерка „Се гордеам со тебе“, „Секогаш дели го тоа што го имаш“ - Кои работи секој ...
9 работи од кои треба да се откажете (за да живеете среќно) Откажете се од навиката судот на другите луѓе да ви диктира како да се однесуват...
25 работи за животот што посакувам да ги знаев пред 10 години Парите не се важни – точно дека ви се потребни, но не се најважната работа во св...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
10 инспиративни жени кои родителите ги изгласаа како посакувани идоли на своите ќерки Ема Вотсон, Мишел Обама и Марија Кири се дел од инспиративните жени кои се доказ...
Бев срамежливa 20 години - Како си ја зголемив самодовербата и престанав да се срамам? Секогаш бев она дете кое седи само во клупа. Срам му е да крене рака да одговара...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg