Од каде потекнува фрапето?

od-kade-poteknuva-frapeto

Ви паднало ли некогаш напамет како дошло до тоа кафето да се сервира ладно и со пена? Или уште повеќе, од кога започнува да се пие во форма на фрапе?

Навиките секаде во светот наметнуваат тоа да се консумира како топла напивка, меѓутоа ете, денес го пиеме и ладно.

Според легендата, грчкиот вид на фрапе бил измислен во 1957 година на традиционалниот меѓународен саем во Солун. Работејќи на некоја изложба, тогашниот грчки дистрибутер на Нестле производи, направил важно откритие. Тој на саемот не можел да најде топла вода за да го подготви своето кафе, па во тој момент при рака му се нашол шејкер, во него ставил инстант кафе на Нескафе со малку студена вода и енергично ја протресол чашата. На сметка на големиот продор на пена од чашата, тој за прв пат го пронашол кафето со пенлива фантазија препознатлива за Грција. Каде, кога и како оваа напивка го добива своето име е неизвесно. Набргу по неговиот пронајдок, оваа форма на пенливо кафе било промовирано од страна на Нестле во центарот Zappeion во Атина.

Меѓутоа, во брошурата којашто компанијата Нестле тогаш ја делела, кафето било со малку поинаков рецепт. Овој рецепт имено содржел и лажица сладолед од ванила, по формула на француското кафе „фрапе“. Но, од 1963 година сладоледот веќе не бил дел од фрапето на Нестле. Следната реклама на Нестле за фрапе гласи: „Сé што треба да направите е во шејкер да ставите Нескафе, шеќер и ладна вода“.

Така, повеќе од 50 години консумацијата на фрапе станува неодминлив тренд. Имено, во последниве години се докажа дека и Македонците не заостануваат од оваа светски популарна навика. Според последните анкети направени од компанијата Нестле, фрапето во најголем процент се консумира во лето, и тоа со пена, млеко и шеќер, а секако – повторно се докажа дека Македонците го сакаат во друштво – во кафулињата, дома со семејството или со пријателите.

А се сеќавате ли на првиот Ice Bar караван? Во период од 10 дена беа направени 11.300 кафиња „фрапе“. Ете колку Македонците се љубители на кафе.

Би можело да ве интересира:

„Тед Банди проба да ме убие кога имав 14 години – мислев дека гледам во демон, а не човек“ „Ме грабна за коса и ми ја стави главата под вода. Мислам дека бев под вода цела...
„Мислев дека имам совршен живот со маж ми, но тој водел двоен живот – имал деца со друга жена и бил ... Британката Лејси била сигурна дека го живее сонот - имала сопруг кој ја сака, за...
Посвоила деца и ги терала да снимаат Јутјуб видеа, ги казнувала со тепање: Мрачната приказна зад кан... Машел Хобсон заработила милиони со нејзиниот Јутјуб канал на кој објавувала виде...
12 очајни онлајн нарачки, поради кои и ќе ви падне жал за луѓето што ги добиле (фото) „Порачав фустан и стрпливо го чекав 3 месеци, Дури и го пробав за да му дадам ша...
„Лицето ми беше уништено по напад со жилет – морав да се откажам од кариерата како модел, но сега су... На само 25-годишна возраст, Марла Хансон, која тогаш работела како модел во Њујо...
Апчиња со арсен, шери по секој оброк – бизарни „трикови“ за слабеење од минатото Апчињата за слабеење со мало количество арсен биле хит, а извесен период жените ...

Најчитани неделава