Подгответе си топло и слатко задоволство

Направете ги есенските денови повкусни благодарение на неколку интересни топли напитоци кои можете да ги приготвите лесно и едноставно во секој дел од денот.

Испробајте барем еден од овие рецепти и изненадете се себеси и своите најблиски.

podgotvete-si-toplo-i-slatko-zadovolstvo-1

За помалку од 15 минути можете да приготвите малку поинакво топло чоколадо.

  • 2 лажички шеќер
  • 2 лажички незасладено какао
  • 1 чаша млеко
  • 5-6 парчиња  marshmallows - меки бонбони, со пенлив состав
  • 1 лажичка екстракт од ванила


Во сад се комбинираат првите четири состојки, додека бонбоните не се растопат и соединат со останатите состојки, во малку погуста смеса. На крајот се додава екстрактот во ванила. Откако густиот напиток ќе се олади неколку минути, се сервира во големи шолји. По желба може да додадете и цимет.

podgotvete-si-toplo-i-slatko-zadovolstvo-2

За нешто повеќе од 15тина минути, пригответе си чоколадно мока кафе.

  • 1 мала шолја топло сварено кафе
  • 1\4 чаша слатка павлака (хопла)
  • 1 лажица чоколаден сируп
  • 1 лажичка шеќер


Во мал сад комбинирајте ги сите состојки, додека течноста не се згусне. По вкус може да додадете цимет, или пак уште малку какао, додека течноста е се уште топла. Потоа послужете во големи шолји и уживајте во вашето чоколадно мока кафе.

podgotvete-si-toplo-i-slatko-zadovolstvo-3

За точно 20 минути може да приготвите необично топло чоколадо со пеперминт.

  • 1\2 чаша густа слатка павлака
  • Шеќер по вкус
  • 1 чаша млеко
  • 2 реда чоколадо за готвење
  • 1\4 лажичка екстракт од пеперминт


Густата павлака поделете ја на два еднакви дела. Првиот дел промешајте го со 1 лажица шеќер и оставете го во ладилник. Вториот дел од павлаката ставете го во сад заедно со 1 лажица шеќер и млекото и ставете го да се затопли на средна температура. Малку подоцна додадете го и чоколадото, да се растопи. Откако ќе добиете еднолична течност додадете го екстрактот од нане и послужете во големи шолји. На крајот додадете ја густата павлака со шеќер која ја оставивте на ладење.

Споделете ги вкусните рецепти со вашите најблиски и уживајте!

Би можело да ве интересира:

Вирална објава на учител: „Барав учениците да напишат што им тежи - раскажаа за неправди, болести, с... „Работам во училиште како наставник 22 години. И вчера, ми се чини, доживеав еде...
Инфлуенсерка сподели грозен хотелски трик – перење долна облека во кафемат, се соочи со критики (вид... Инфлуенсерка се соочи со куп критики, а се шпекулира дека добила тужба од хотел,...
„Се преселивме во Виетнам на 10 минути од плажа – за сметки и кирија плаќаме 325 € месечно, за храна... „Живееме во Да Нанг и плаќаме 325 евра за кирија и сметки. Во оваа сума се вклуч...
12 луѓе кои создадоа убав простор во домот и дворот со своите две раце (фото) Стара кујна трансформирана во модерен простор, ново купатило кое не личи на стар...
6 големи разлики меѓу животот во стан и куќа, низ забавни илустрации Чистењето на станот многу зависи од „куќниот ред“ во зградата и времето за одмор...
14 креативни (и по малку бизарни) производи, што ќе сакате да ги купите веднаш Од сапун со мирис на сланина, преку плишан мајмун - држач за влажни шамивчиња, д...

Најчитани неделава