Подгответе едноставно чоколадно задоволство

Ако сте љубител на чоколадото во сите облици и количини овој рецепт за мини чоколадни тартуфи е вистинскиот за вас.

podgotvete-ednostavno-cokoladno-zadovolstvo-1

За кратко време ќе добиете мини слатки бомбици кои се преполни со чоколадо и можете да ги модифицирате по ваш вкус.

Основниот рецепт за 10тина вакви чоколадни задоволства вклучува:

- 2 чаши стопено чоколадо за готвење
- 1 чаша хопла (слатка павлака)
- 1 лажица шеќер

По желба може да ги направите со бело чоколадо или да додадете некоја арома.

Во длабок сад се комбинираат сите состојки. Загрејте ги на тивок оган 2 до 3 минути додека не добиете лесна и мазна смеса. Внимавајте смесата да не достигне температура на зовривање, така што постојано ќе мешате.

Откако ќе добиете еднолична смеса оставете ја да отстои 10тина минути на собна температура, а потоа во фрижидер околу 1 час. Откако смесата ќе се зацврсти може да ја обликувате со модли или пак во форма на мали бомбици. Можете да ги прелиете со чоколаден прелив или пак да ги извалкате во мелени ореви, бадеми, ф’стаци ...

Откако еднаш ќе ги пробате – ќе ги правите постојано. Брзи и едноставни, а неверојатно вкусни. Уживајте!

podgotvete-ednostavno-cokoladno-zadovolstvo-2

Би можело да ве интересира:

„Лицето ми беше уништено по напад со жилет – морав да се откажам од кариерата како модел, но сега су... На само 25-годишна возраст, Марла Хансон, која тогаш работела како модел во Њујо...
Татко ѝ изгорел 20 милиони долари кеш за да ја стопли, живее во страв: Каде исчезна ќерката на Ескоб... Мануела Ескобар имала само девет години кога татко ѝ Пабло Ескобар бил убиен. Па...
Салами замотани како јаже и уште 11 работи што може да се видат само во Италија (фото) „Мијалник со две педали за топло и ладно, наместо рачки на чешмата“, „Во италија...
Апчиња со арсен, шери по секој оброк – бизарни „трикови“ за слабеење од минатото Апчињата за слабеење со мало количество арсен биле хит, а извесен период жените ...
„Мислев дека мајка ми била модел во Русија, но се рекламирала како ’невеста по нарачка‘ во списанија... Катја од Русија, која живее во САД, мислела дека нејзината мајка работела како м...
Проклетството на Британец што освоил 170 милиони евра на лото: Развод, сообраќајка и пропаднати бизн... Во 2012-та, животот Британецот Адријан Бејфорд драстично се променил откако осво...

Најчитани неделава