10 работи кои морате да ги направите пред да добиете дете

Со доаѓањето на детето вашиот живот не престанува, но приоритетите се менуваат. Сите ваши лични потреби, желби, амбиции, одат во друг план, а детето доаѓа во прв план.

10-raboti-koi-morate-da-gi-napravite-pred-da-dobiete-dete

Затоа пред да тргнете во авантурата наречена родителство искусете ги десетте работи во кои најверојатно нема да можете да уживате кога ќе стигне бебето.

Некое време тие искуства ќе ви бидат во добро сеќавање, а кога ќе пораснат децата никој не ви пречи повторно да уживате во нив.

Пробајте екстремен спорт

Падобранство, банџи скокови, џет ски, параглајдинг, слободно качување... Сите овие се спортови кои содржат голема доза на опасност. Не треба дополнително да се објаснува зошто треба да се испробаат пред да дојде бебето кое потполно зависи од вас.

Излегувајте во ресторани

Направете попис на сите ресторани и кафулиња кои би сакале да ги посетите. Секако дека и со децата ќе излегувате да јадете во ресторани, но тоа нема да биде релаксирано излегување како кога сте сами. Што се однесува до одењето во кафулиња, како родители тоа најверојатно ќе го сведете на минимум.

Уживајте сами во бањата

Секогаш кога за тоа имате можност уживајте во бањата. Сами. Направете си топла, пенлива купка, запалете некоја свеќа, опуштете се во тишината и самотијата. Кога ќе дојде детето, чукањето на вратата од бањата и подготвувањето ќе станат дел од секојдневието.

Седнете во автомобил и тргнете на пат

Сосема спонтано! Без некое големо планирање. Со партнерот, или сами. Тоа може да биде и само едноставен излет. Во потполна тишина уживајте во убавините на природата или до максимум одвртете ја омилената музика. Најкусо речено, уживајте во счободата. Вашиот автомобил повеќе никогаш нема да биде ист кога ќе стигне бебето.

Поминете цел ден во кревет гледајќи филмови

Кога ќе добиете деца веројатно повеќе никогаш за тоа нема да имате можност освен ако добиете грип, што и не е некакво уживање, или ако вашето дете добие грип, но тогаш би гледале цртани филмови.

Испијте чашка алкохол повеќе за време на ручекот

Дајте си за право да испиете чашка повеќе за време на ручекот или вечерата со пријателите. И онака потоа си одите дома и можете право во кревет. Замислете тоа да го направите кога сте родител. Доаѓате дома лесно под дејство на алкохол и потоа ве чекаат родителските должности, а вие сонувате само за кревет....

Задоволете ја вашата минималистичка страна

Набавете си бело столче, фотелја, тепих, било што на кое не би сакале да видите дамки. Ставете покрај себе чаша вино или кафе и уживајте во тоа да се остане на своето место, а не да се истури по омиленото парче мебел. Тоа сигурно ќе се случува кога по вашиот дом ќе почне да трча малото човече.

Практикувајте утрински секс

И секс со отворени врати. И во сите останати простории освен во спалната соба. И гласен секс. Секако и по раѓањето на детето вашиот сексуален живот ќе постои, но некои „зачини“ ќе ги снема од менито. Затоа, испробајте колку можете повеќе!

Носете осетливи материјали

Што повеќе материјали од свила, кашмир и оние кои се чистат само на хемиско чистење износете ги додека не сте добиле бебе. Децата и дамките не одат едно без друго, но освен што ќе се извалкаат себеси, ќе ве извалкаат и вас.

Ризикувајте на работа

Пред да дојдете во состојба кога ќе морате многу да внимавате на стабилните и редовни приходи, ризикувајте во кариерата. Побарајте покачување, промена на работата, дајте си време да откриете што сакате навистина, или преземете било кој друг ризик врзан со работата на кој не би се осмелиле кога ќе имате дома некој кој што зависи од вас.

Би можело да ве интересира:

„Мислев дека имам совршен живот со маж ми, но тој водел двоен живот – имал деца со друга жена и бил ... Британката Лејси била сигурна дека го живее сонот - имала сопруг кој ја сака, за...
Посвоила деца и ги терала да снимаат Јутјуб видеа, ги казнувала со тепање: Мрачната приказна зад кан... Машел Хобсон заработила милиони со нејзиниот Јутјуб канал на кој објавувала виде...
„Ме нападна ајкула во плитка вода, ми ги одгриза дланката и ногата – маж ѝ удри бокс за да ме спаси“ „Бев во шок. Мојот мозок знаеше дека нешто се случува, но телото не ми реагираше...
„Мислев дека мајка ми била модел во Русија, но се рекламирала како ’невеста по нарачка‘ во списанија... Катја од Русија, која живее во САД, мислела дека нејзината мајка работела како м...
„Поминав 11 години во затвор за ’убиството‘ на моето новороденче – келнерка што не ја познавав докаж... „Три дена откако се роди ќерка ми, забележав некаква испакнатина на челото, како...
Безбедносни совети за жени од поранешен ФБИ агент - Има трик и со копчето од лифотот „Кога се чекирате во хотел, штитете го вашиот личен простор како на банкомат. Ре...

Најчитани неделава