Сестрички собраа над 1 милион лајкови и ќе добијат кученце

Ова е само уште еден начин како социјалните мрежи позитивно влијаат во животот. Овие мали сестрички го изненадија својот татко кога со само една слика на Фејсбук си ја остварија својата желба.

sestricki-sobraa-nad-1-milion-lajkovi-i-ke-dobijat-kucence-01

Тие ги замолија сите корисници на Фејсбук да ја лајкуваат нивната слика на фан страната, сè со цел нивниот татко да си го одржи ветувањето.

За помалку од 7 часа тие си ја остварија својата желба.

„Здраво на сите,“ започнува пораката која ја имааt напишано на сликата која беше објавена. „Многу сакаме да имаме кученце. Нашиот татко кажа дека ако успееме да добиеме милион лајкови, тогаш ќе ни купат. Тој мисли дека не го можеме тоа! Затоа, очекуваме лајк на оваа слика.“

Конечно, нивната цел беше постигната по само неколку часа. Речиси сите беа одушевени од упорноста на малите сестрички кои беа толку слатки и никој не успеа да им одолее, а да не им помогне.

Сестричките ќе добијат кученце, а родителите ги научија на важна лекција: Никогаш не се сомневајте во моќта на социјалните мрежи, слатките сестрички и секако, преслатките кученца.

Би можело да ве интересира:

Одговори на прашања што сигурно сте си ги поставиле барем еднаш Зошто славиме роденден со торта, но и зошто исечениците од хартија болат толку м...
„Мислев дека мајка ми била модел во Русија, но се рекламирала како ’невеста по нарачка‘ во списанија... Катја од Русија, која живее во САД, мислела дека нејзината мајка работела како м...
Бонтон правила што мора да ги следите на социјалните мрежи Не пишувајте навредливи коментари кои не би ги кажале во живо и подобро воздржет...
Татко ѝ изгорел 20 милиони долари кеш за да ја стопли, живее во страв: Каде исчезна ќерката на Ескоб... Мануела Ескобар имала само девет години кога татко ѝ Пабло Ескобар бил убиен. Па...
14 катастрофални онлајн нарачки, што ќе почнете да се смеете од мака „Порачав патики и кога стигнаа, сфатив дека двете се леви“ - сте добиле ли и вие...
„Пред и потоа“ фото-споредби што ќе ве мотивираат да направите генералка (пред да дојде зима) „По тежок период во животот, станот ми беше хаос. Чистев осум часа“. „По тежо...

Најчитани неделава