10 правила за добро осветлување во станот

Иако живееме во не така совршени станови, не треба да се откажеме од совршен дом. Светлото е многу значајна компонента во вкупниот впечаток, а со правилен распоред на светечките тела ќе ги исправите речиси сите недостатоци на станот.

10-pravila-za-dobro-osvetluvanje-vo-stanot

Земете молив и хартија, поминете низ станот и во секоја просторија забележете ги одговорите на следните прашања:

1. За што служи оваа просторија?
Размислете дали нејзината формална намена воедно е и најдобра. На пример, ако членовите на семејството ретко ја користат трпезариската маса, трпезаријата преуредете ја во работна соба и во тој случај, веднаш нацртајте на кое место би ви требала светлина.

2. Што ја прави потемна?
Можеби некое големо растение или слика ви се потполно непотребни.

3. Колку се користи просторијата?
На постарите им треба многу повеќе светлина отколку на децата.

4. Во кој дел од денот најмногу се користи просторијата?

5. Од која насока доаѓа природната светлина?
Кога сте ги утврдиле и запишале сите основни податоци, поминете на цртање на новиот распоред  на извор на светлина.

6. Прво нацртајте го она што не може да се поместува – врата, прозорци, грејни тела, како и големите парчиња мебел.

7. Со стрелки означете ја насоката во која најчесто гледаат оние кои најмногу престојуваат во просторијата – кон телевизорот, пенџерето, кон работната површина.

8. Означете ги постоечките светилки.

9. За да ги отстраните критичните точки на слабото осветлување, означете ги местата на кои ви се потребни нови извори на светлина. Истото направете го со прекинувачите. Повеќето простории имаат два, а вие одредете ги местата на кои би сакале тие да стојат.

10. Размислете дали вашите постоечки лустери и ламби може да се прилагодат кон новите потреби. Имајте во предвид дека не мора сè да менувате. Размислете за лустери и ламби кои имаат сијалици со подвижен „врат“, па самите да можете да ги насочувате. Иако би требало секоја соба да ја третирате како посебна целина, обидете се да го воедначите осветлувањето за да можете стилски да ги поврзете просториите.

Би можело да ве интересира:

„Лицето ми беше уништено по напад со жилет – морав да се откажам од кариерата како модел, но сега су... На само 25-годишна возраст, Марла Хансон, која тогаш работела како модел во Њујо...
Апчиња со арсен, шери по секој оброк – бизарни „трикови“ за слабеење од минатото Апчињата за слабеење со мало количество арсен биле хит, а извесен период жените ...
Посвоила деца и ги терала да снимаат Јутјуб видеа, ги казнувала со тепање: Мрачната приказна зад кан... Машел Хобсон заработила милиони со нејзиниот Јутјуб канал на кој објавувала виде...
Заборавената сопруга од Србија на Ајнштајн: Му ги решавала математичките проблеми, тој ја изневерува... Првата сопруга на Ајнштајн, Србинката Милева Мариќ, бла гениј исто како и физича...
„Пред и потоа“ фото-споредби што ќе ве мотивираат да направите генералка (пред да дојде зима) „По тежок период во животот, станот ми беше хаос. Чистев осум часа“. „По тежо...
Татко ѝ изгорел 20 милиони долари кеш за да ја стопли, живее во страв: Каде исчезна ќерката на Ескоб... Мануела Ескобар имала само девет години кога татко ѝ Пабло Ескобар бил убиен. Па...

Најчитани неделава