Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Креативни билборди кои ќе ви го задржат вниманието

Секогаш се жалиме како рекламите се досадни и креативно сиромашни, а за билбордите воопшто да не зборуваме.

bilbordi-koi-ni-go-zaleduvaat-pogledot-01

Меѓутоа, постојат и некои компании кои направија вистинска револуција и ја искористија креативноста за да ги насмеат своите корисници. Несомнено е дека по овие уникатни идеи заработката им се зголемила дупло повеќе.

Ресторанот “Бургер Кинг” направи реклама од точно 2548 кесички лут сос, а дегустаторот со отворена уста на сликата изгледа како да ја пробал лутината на сите одеднаш.

bilbordi-koi-ni-go-zaleduvaat-pogledot-1


Фабриката за автомобили “Шевролет” дошла до оригинална идеја за реклама на новиот модел Авео. Во Лондон на билборд биле изналепени 20.000 монети. На своето место паричките издржале само половина час, бидејќи минувачите не можеле да одолеат а да не земат барем по една монета.

bilbordi-koi-ni-go-zaleduvaat-pogledot-2


Дури и бактериите може да бидат материјал за изработување на уникатни билборди.


Производот за отстранување на влакната сликовито ја прикажува својата функција, и тоа користејќи дрвени гранки.

bilbordi-koi-ni-go-zaleduvaat-pogledot-3


“Бест бај”
успеале да доловат колку е важно електричните уреди да се рециклираат. План Б за нивната употреба секогаш може да е реклама слична на оваа.

bilbordi-koi-ni-go-zaleduvaat-pogledot-4


“Пантен”
шампоните покажаа како може да се негува коса долга дури неколку метри. Тие ја искористија приказната за џиновската принцеза која користи Пантен за да ја зајакне својата плетенка.

bilbordi-koi-ni-go-zaleduvaat-pogledot-5


Компанијата “3М секјурити” ставила неколку купчиња пари во рекламниот простор за да докаже како нивното стакло е сигурно и непробојно.

bilbordi-koi-ni-go-zaleduvaat-pogledot-6


Ресторанот “Мекдоналдс” од билборд успеа да направи соларен часовник. Наместо бројки, илустрирани се сендвичи, а очигледно алудираат на тоа дека нивната храна можете да ја јадете во било кој дел од денот.

bilbordi-koi-ni-go-zaleduvaat-pogledot-7


Светскиот бренд Кока-Кола во борба против загадувањето на воздухот направи билборд од 3.600 гранчиња чај. Чајот ослободува кислород, чистејќи го воздухот.

bilbordi-koi-ni-go-zaleduvaat-pogledot-8


Козметичката куќа “Нивеа” случајните минувачи ги вратила во детството, само овој пат со малку поразлична цел. Балончињата од најлон, кој сите ги обожаваме, таа ги искористи како симпатичен начин на кој го прикажа отстранувањето на целулит.

bilbordi-koi-ni-go-zaleduvaat-pogledot-9


Овој билборд на компанијата “Тајсти” не е изгорен од сонце, туку од нејзиниот лут сос.

bilbordi-koi-ni-go-zaleduvaat-pogledot-10


За да ви се запали светилката над главата е потребно само малку.

bilbordi-koi-ni-go-zaleduvaat-pogledot-11

Би можело да ве интересира:

16 уникатни луѓе кои можат да направат незамисливи работи со телото (фото) „Јас сум тип со 4 прсти на едната рака“, „На ниеден прст на рацете немам ср...
6 ресторани ширум светот во кои е речиси невозможно да резервирате маса - се чека и по неколку годин... Во мал ресторан во Бристол има само осум маси, а ако се јавите сега, ќе добиете ...
Коса што расте во две бои и уште 12 уникатни карактеристики на луѓето кои се истакнуваат од толпата „Одеднаш, мојата лева веѓа почна да станува бела“, „Ќерка ми е родена со две раз...
12 фотки поради кои ќе посакате да врескате од нервоза „Ѝ кажав на сопругата дека може да изеде пола од моите јагоди - секоја јагода е ...
Два пропаднати брака, афера: Бурниот љубовен живот на Стивен Хокинг Стивен Хокинг не дозволил болеста да му претставува пречка во научната работа ни...
Маки со косата што им се познати на сите жени, низ илустрации Чистењето на одводот по туширање е неизбежно за жените со долга коса, а оние со ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg