Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Отровни пријатели

otrovni-prijateli-povekjeНе постои вистински начин за прекинување на пријателство, посебно ако се работи за некое кое траело долго. Луѓето доаѓаат во нашиот живот...


 

...со причина, но исто така мора да бидеме свесни дека понекогаш треба и да си одат од нашиот живот. Некои луѓе едноставно не влијаат добро на нас и не гушат нас и нашиот развој.

Имате ли пријател/ка:otrovni-prijatelstva2
- која ви ја исцрпува енергијата?
- покрај која се чувствувате лошо наместо добро?
- која секогаш за се критизира?
- која ве исцрпува емоционално, психички па дури и финансиски?

Доколку одговоривте потврдно тогаш имате “отровен/на пријател/ка“ - така ги нарекуваат психолозите. Отровните пријатели не ви посакуваат добро.

Еве некои примери кога секако треба да го прекинете пријателството.

1. Пријател кој ви забил нож во грб
Кога некој ќе ве издаде и ќе докаже дека нема најдобри намери, тогаш е време да се решите од тој “пријател“. Веројатно се работи за себична личност, па сите информации кои ќе ги поделите со нив, за нив немаат никакво значење.

2. Пријател кој постојано се жали
Кој може да слуша постојано негативности од личноста со која поминува многу од своето слободно време? Ако пријателот ви е депресивен поголем дел од времето најверојатно ги заборавил добрите страни во вашето пријателство. Животот не е совршен, но не треба над вас постојано да се влече темен облак. Треба да уживате во времето поминато со пријателите.

3. Лепенка
Ослободете се од овие луѓе затоа што нема да ви дадат мир. За нив вашата приватност е непознат збор. Не се способни да го одржуваат друштвениот живот без вас. Со време почнуваат да влијаат на вашата личност.

4. Дечкото / девојката ми се врати
Ви се чини ли дека вашето пријателство постои само кога нема партнер или моментално е отсутен? Ова е навреда за otrovni-prijatelstvaпријателството. Многу е важно од време на време да се излезе само во женско/ машко друштво без разлика дали сте или не сте во врска.

5. Ривал
Ова е пријател кој секогаш се натпреварува со вас. Ако ова однесување ја понижува другата личност, тоа е разликата помеѓу натпревар и отровно однесување.

6. Трачар-ка
За нив тајна е непознат поим. Никогаш неможете да бидете сигурни во нив и да им се доверите. При прекинувањето на ваквите пријателства важно е да бидете силни и реално да процените колку секој од вас придонесува во вашиот однос. Ако односите не се реципрочни, или ако сфатите дека веќе не сте поврзани, време е секој да оди на своја страна, а тоа во секој случај можете да го направите со пријателски тон.

Би можело да ве интересира:

14 вознемирувачки мисли кои ги имаат психопатите во глава (и ќе ве наежат) „Твојата болка не ми значи ништо“... За психопатите, гледањето на нечие физичко ...
Вреќички за чај и уште 3 работи кои се измислени сосема случајно Знаете ли дека пластелинот првично се продавал како средство за чистење ѕидни та...
10 знаци дека сте личност со комплексен карактер (и многу луѓе не можат да се справат со вас) Мразите празни разговори и рутина, здодевни ви се и ве нервираат - на „Како си?“...
Пред и потоа фото споредби: Луѓе гордо ја покажуваат новата насмевка, откако ги извадиле протезите Секој кој носел протези многу добро знае дека целото искуство е мошне тешко. Дод...
Маки со косата што им се познати на сите жени, низ илустрации Чистењето на одводот по туширање е неизбежно за жените со долга коса, а оние со ...
Што да направите ако ви се плаче и уште 5 психолошки трикови за непријатни ситуации За да ги запрете солзите во непогоден момент, погледнете нагоре и задржете го во...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg