10 работи кои не треба да ги правите на Фејсбук ако сте во врска

Сте започнале нова врска и се оди одлично во реалниот живот, но постојат и некои правила кои би требало да ги почитувате и во виртуелниот свет.

10-raboti-koi-ne-treba-da-gi-pravite-na-fejsbuk-ako-ste-vo-vrska-2

Колку и да звучи бесмислено, факт е дека социјалните мрежи повеќе ќе ви одмогнат, отколку што ќе ви помогнат да ја задржите врската. Затоа, постојат одредени, непишани правила кон кои треба да се придржувате, ако сакате вашиот љубовен рај да потрае.

Криете со кого зборувате

Ако не сакате вашиот партнер да види со кого разговарате на фејсбук или скајп, тоа е лош знак. Социјалните мрежи се место за дружење, а не за флертување и слепи состаноци. А ако веќе некој вас ви се додворува на тој начин, подобро е отворено да му кажете на партнерот место да го гасите прозорчето во кое зборувате, секогаш кога партнерот ќе влезе во собата.

Чудни виртуелни пријатели од спротивен пол

„Лајкување“ на фотографии од вашето/а поранешно момче/девојка или од некој/а кој никогаш не сте ги сретнале во живо е непријатно. Почитувајте го вашиот партнер и не правете работи кои ќе предизвикаат несигурност и недоверба. Ако сте во долга врска, би требало да си верувате доволно и без лутење да се договорите врз кои пријатели ќе ставите вето.

Избришете ги фотографиите од вашите поранешни партнери

Дури и ако самите не ги забележувате овие фотографии, знаат да му пречат на новиот партнер. Фејсбук не е место за спомени.

Менување на статусот

Статусот за тоа дали сте во врска или не, никако не го менувајте пред претходен разговор со партнерот. Не мора да знае цел свет дека сте во врска, доволно е вие да се чувствувате убаво.

Криење на врската

Ако веќе сте во подолга врска, а  на вашиот профил не може да се најде никаква трага од тоа, повторно имате проблем. Не мора да бомбардирате со заеднички фотографии, но неколку кои ви се посебно драги, можете да поставите. Со тоа вашиот партнер ќе знае дека се гордеете што сте со него.

10-raboti-koi-ne-treba-da-gi-pravite-na-fejsbuk-ako-ste-vo-vrska-3

Негови пријатели и членови на семејството

Никако немојте да ги додавате за пријатели другарите и другарките на партнерот пред да ги запознаете. Истото важи и за членовите на семејството. Тоа едноставно е некултурно.

Јавно понижување на партнерот

Ако сте се скарале, имате некои недоразбирања или пак сте ја прекинале врската, а при тоа сте останале недокажани, немојте тоа да го правите јавно. Не се понижувајте себе си, ниту партнерот со навредливи коментари или пораки од кои тој треба да прочита „меѓу редови.“ Никогаш!

Изливи на љубов

Заљубени сте и тоа е супер, но статусите од типот на „го имам најдобриот на светот“ задржете ги за себе. Со тоа само ќе ги оддалечите луѓето од себе.

Не објавувајте секакви пикантерии

Не ја делете со јавноста неговата/нејзината интима. Фотографија на која вашиот партнер спие со подотворена уста, не е баш забавна. Не објавувајте ниту разголени фотографии од вас самите бидејќи потврда за тоа колку сте секси се бара од една личност, а не од цел куп непознати.

Заеднички профил

Ова не го правете ни кога сте во брак. Освен што само ќе ви направи проблеми вам, не е фер ниту кон другите луѓе кои не знаат на кого му се обраќаат.

Би можело да ве интересира:

Фотографии кои ќе ве натераат да кажете „Ах, ова е Италија“ Тераса во облик на чаша вино, па каде ако не во Италија? Ренесансни скулптури им...
Бев срамежливa 20 години - Како си ја зголемив самодовербата и престанав да се срамам? Секогаш бев она дете кое седи само во клупа. Срам му е да крене рака да одговара...
10 инспиративни жени кои родителите ги изгласаа како посакувани идоли на своите ќерки Ема Вотсон, Мишел Обама и Марија Кири се дел од инспиративните жени кои се доказ...
Корисни трикови што ги научивме во училиште, а ни служат за цел живот За разлика од новите генерации кои користат паметни табли и голем број надредни ...
7 бон-тон правила за во ресторан и на свечени настани Ако сте на свечен настан со шведска маса, едната рака секогаш нека ви биде слобо...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg