Што треба мажите да понесат со себе на плажа?

Температурите растат, годишниот одмор се ближи, а со тоа и одењето на плажа. Девојките се секогаш подготвени за летните денови и земаат со себе големи чанти кои се целосно опремени. Момците на другата страна пак, со себе не земаат многу работи и често се наоѓаат во незгодни ситуации.

sto-treba-mazite-da-ponesat-so-sebe-na-plaza-01

Момци, ова лето никако не заборавајте...

Торба за плажа
Многу е ретка сликата на маж со торба за на плажа. Затоа тие се во голем хаос, немаат доволно место да ги сместат личните работи по џебовите и поради тоа лесно ги губат. Избегнете ги овие непријатни ситуации и наредниот пат со себе понесете торба која ќе ви даде сигурност и удобност.

Шешир или капа
Со надоаѓањето на топлите денови момците имаат се пократки фризури. Поради тоа нивната глава не е заштитена и затоа е исклучиво важно да носат шешир. Да не зборуваме дека се одличен моден додаток.

sto-treba-mazite-da-ponesat-so-sebe-na-plaza-02

Обична бела маица
Обично најмногу изгореници се добиваат кога се оди до плажа, па затоа момците треба да се опремат со бели маици кои најмногу ги одбиваат сончевите зраци.

Крем за сончање
Ниту посилниот пол не е имун на сончевите зраци. Пожелно е да купат по две креми една за тело друга за лице. Наместо да позајмувате од својата пријателка, купете си независност и здравје.

Резервни шорцеви за пливање
Некогаш навистина е потребно долго време да се исушат костимите за пливање. Затоа носете си резервни, кои можете да ги облечете кога ќе завршете со пливање. Така за миг ќе бидете суви и чисти.

Очила за сонце
Без разлика дали сте нашле место под сенка или не, очилата се задолжителни. Освен тоа што ги штитат очите од УВ зраци, тие се одличен моден додаток кој можете да го најдете во разни бои и модели.

sto-treba-mazite-da-ponesat-so-sebe-na-plaza-03

Апостолки
Најдобри обувки за летните денови се апостолките. Тие се лесни и практични и можете да ги најдете во најразлични бои и модели.

Голем пешкир за на плажа
Истакнуваме да биде голем за да го избегнете случајот кога нозете ви завршуваат на жешкиот песок. Единствена негативна страна е тоа што им е потребно повеќе време да се исушат.

Мал паричник
Освен тоа што нема да заземе многу место во торбата, добри се бидејќи се помалку забележливи и поради тоа веројатноста дека ќе го украдат е помала. Во него сместете ги само најпотребните работи.

Книга
Додека седите на плажа сам, книгата е одлично друштво. Имате голем избор на книги и ликови кои ќе ве дружат на лежалката додека не правите ништо посебно.

Би можело да ве интересира:

12 очајни онлајн нарачки, поради кои и ќе ви падне жал за луѓето што ги добиле (фото) „Порачав фустан и стрпливо го чекав 3 месеци, Дури и го пробав за да му дадам ша...
18 бизарни работи заради кои не знаете дали да се смеете или плачете (фото) „Вреснав од страв кога се запали светлото во тоалетот во ресторанот“ „Вреснав...
8 митови за очила за сонце што можат да ви ги оштетат очите Треба да носите очила со UV заштита и во зима, а и не мора да купувате многу ска...
„Лицето ми беше уништено по напад со жилет – морав да се откажам од кариерата како модел, но сега су... На само 25-годишна возраст, Марла Хансон, која тогаш работела како модел во Њујо...
Апчиња со арсен, шери по секој оброк – бизарни „трикови“ за слабеење од минатото Апчињата за слабеење со мало количество арсен биле хит, а извесен период жените ...
Салами замотани како јаже и уште 11 работи што може да се видат само во Италија (фото) „Мијалник со две педали за топло и ладно, наместо рачки на чешмата“, „Во италија...

Најчитани неделава