Сексот и животните
Каков секс имаат животните? Кој има најголем полов орган? Кои животни се најромантични? Прочитајте неколку интересни факти кои нас не изненадија!
- Женската црна вдовица го јаде својот партнер за време на сексот.
- Алигаторките ја чуваат својата линија пред секс и затоа гладуваат 2 месеци пред парење. Често се случува во зоолошката градина да настанат оргии кога се работи за алигаторите.
- Пенисот на носорогот е долг 60см. Тоа не е ништо во споредба со коалите, игуаните и комодо гуштерите кои имаат по 2 пениса. А, и тоа е занемарливо кога ќе дознаете дека синиот кит има тестиси колку Фолксваген Буба.

- Оргазмот на свињите трае 30 минути. Но, затоа кутриот пингвин одвојува за секс само 3 минути годишно.
- Најненаситни цицачи се шимпанзата кои се задоволуваат меѓусебно на најразлични начини. Забележано е дека женките во некои периоди имаат односи и по 20 пати на ден. Прав рекордер е пустинскиот стаорец кој е во состојба да се пари и по 120 пати на час.
- Сексот на куните трае 8 часа. Комарците го прават тоа само 2 секунди.
- Погодете кој го прави тоа најбавно? Па кој друг ако не желките! Прво со часови се влечкаат и успорено климаат со главите. Потоа мажјакот ја зема главата на женката во својата уста. Предиграта уште не е готова- следи лижење на женските стопала и дури потоа започнува најдосадното парење на светот.
- Снаодливите октоподи спермата ја внесуваат во женскиот репродуктивен орган со помош на краците, а нивните полови органи никогаш не се допираат.
- А скорпиите? Мажјакот со клештите ја зграпчува женката, испушта сперматозоиди на земјата и потоа ја влече женката по подот за да дојдат нејзините репродуктивни органи во контакт со течноста.
- Меѓу најнежните љубовници на светот - се вбројуваат слоновите. За нив нема секс на прв состанок. Парот се заљубува преку телесната миризба, а потоа почнува едномесечно додворување каде мажјакот и нуди храна на женката или ја прска со вода по нозете. По сексот парот се милува со сурлите и опашките.
Би можело да ве интересира:
14 фото-докази од ситуации кога природата создала магични моменти
Замислете – кршите јајце и од него излегуваат две жолчки. Или очекувате огромна ...
Инспиративна приказна: Дедо отишол да умре на остров во Грција, па живеел уште 45 години
Гркот Стаматис додека живеел во САД добил дијагноза за рак на белите дробови и п...
Што се читаше најмногу на CRNOBELO.com во 2025-та?
Трагедијата што ја погоди Македонија остави голема трага врз 2025-та, но никогаш...
Им паѓале заби и умирале во агонија бидејќи работеле со радиоактивна боја: Тажната приказна за „ради...
Во 1920-тите, за младите девојки од Америка било премија да работат во фабрика к...
12 предлози за забавно летно хоби (во кои со сигурност ќе уживате)
Изразете ја вашата креативност преку изработка на накит. Креирајте нешто...
10 реални ситуации што може да ви се случат кога ќе отидете во продавница „само по леб“
Одите во продавница по пижами со надеж дека нема да сретнете никој познат или со...
