По ова никогаш нема да јадете виршли

Сите знаат дека виршлите не се најздравата храна на светот. Но, како и паштетата, се вкусни и лесни за „подготвување“. Кога ќе го видите процесот на производство на оваа брза храна, веројатно малку ќе размислите дали следниот пат ќе ги посакате за појадок или вечера.

poglednete-sakate-virsli-prijatno-01

Процесот на производство на виршли почнува со остатоците на свинско и говедско месо кои стигнуваат како отфрлен материјал од месарите. Месото се меша и пакува во големи пакети со кои понува производниот процес.

Овде нема непотребен материјал и целокупната мешавина се става во огромни машини за мелење.

poglednete-sakate-virsli-prijatno-02

poglednete-sakate-virsli-prijatno-03

Во зависност од производителот, мешавината се надополнува со преработено пилешко месо кое на виршлите им дава препознатлив вкус.

poglednete-sakate-virsli-prijatno-04

Ако сте помислиле дека месото во првите три чекори делува грозно, стрпете се! Во овој чекор, мешавината се меле додека не се добие течна состојба.

poglednete-sakate-virsli-prijatno-05

Работниците во фабриката сега додаваат скроб, сол и сенф во смесата. Зависно од производот кој се прави, се додаваат и други додатоци/вкусови, но ништо претерано префинето.

poglednete-sakate-virsli-prijatno-06

Смесата допонително се преработува додека не добие текстура како пире, а целиот воздух кој се задржал се отстранува со вакум.

Мешавината е подготвена и сега е време храната да го добие препознатливиот облик. Во машина се уфрлаат големи количини на црева од целулоза.

poglednete-sakate-virsli-prijatno-07

Пирето од мешано месо и додатоци се „пумпа“ во цревото од целулоза, виршлите одат во просторија за чадење каде што им се додаваат дополнителни вкусови додека се печат и на крајот се прекриваат со слој на студена, солена вода за да бидат доволно изладени за да се спакуваат.

Работникот рачно го проверува квалитетот на производот, а виршлите кои не се „совршени“ се одвојуваат и повторно се преработуваат.

poglednete-sakate-virsli-prijatno-08

poglednete-sakate-virsli-prijatno-09

Автоматизираната машина ги пакува виршлите во пакувањата во кои може да се најдат во нашите продавници.

poglednete-sakate-virsli-prijatno-10

poglednete-sakate-virsli-prijatno-11

Ако по ова и понатаму сакате виршли, пријатно!

Би можело да ве интересира:

5 работи што луѓето во Финска ги прават поразлично од нас (и затоа се посреќни) Сметаат дека потиснувањето на емоциите не им е од корист и без разлика каде живе...
Фрустрирачки фотки од ресторани и компании за храна кои бесрамно лажат Пица со половина домат кој не е ни исечен, десерт за деца кој изгледа како од хо...
Ужасни фотки од храна од кои ќе изгубите апетит Лазања со кулен наместо мелено месо, англиски појадок до јајца кои очигледно не ...
Татко ѝ изгорел 20 милиони долари кеш за да ја стопли, живее во страв: Каде исчезна ќерката на Ескоб... Мануела Ескобар имала само девет години кога татко ѝ Пабло Ескобар бил убиен. Па...
„Лицето ми беше уништено по напад со жилет – морав да се откажам од кариерата како модел, но сега су... На само 25-годишна возраст, Марла Хансон, која тогаш работела како модел во Њујо...
Салами замотани како јаже и уште 11 работи што може да се видат само во Италија (фото) „Мијалник со две педали за топло и ладно, наместо рачки на чешмата“, „Во италија...

Најчитани неделава