Како свежите намирници да останат подолго свежи?

Во лето сите плодови побргу созреваат, па затоа многу внимателно треба да ги чувате во домот. Доколку сте љубител на готвењето и сакате свежото овошје и зеленчук да остане свежо подолго, следете ги овие неколку совети.

kako-svezite-namirnici-da-ostanat-podolgo-svezi-01

- Чувајте ги компирите со јаболката. На тој начин никогаш нема да из’ртат.

- Секогаш чистете го скапаното овошје. Едниот расипан плод секогаш ги расипува и останатите.

- Завијте ги врвовите на бананите со алуминиумска фолија. На тој начин бананите ќе траат 3 до 4 дена подолго.

- Ставете салфетка на горниот дел од салатата, а потоа замотајте го садот со фолија. Едноставен трик со кој ќе ја сочувате свежината на салатата.

kako-svezite-namirnici-da-ostanat-podolgo-svezi-02

- Зеленчукот секогаш чувајте го во фолија. Целерот, брокулата или зелената салата секогаш нека биде замотана во алуминиумска фолија пред да го ставите во фрижидер. На тој начин ќе издржи 4 недели подолго.

- Користете тегли, наместо овошјето и зеленчукот да го оставате директно во фрижидерот, непокриено.

- Кромидот чувајте го во тенки хулахопки, исто како кога фарбате јајца со кора од кромид. Миризбата нема ни да се почувствува, а плодот ќе остане свеж подолго.

- Никогаш не чувајте кромид или лук во близина на компир. Не се знае зошто, но во оваа комбинација плодовите побрзо се расипуваат.

- Доматите никогаш не ги чувајте во пластични кеси. Секогаш оставете го во картонска кутија, свртен наопаку. Совршено зрелите домати се чуваат и созреваат исклучиво на собна температура.

kako-svezite-namirnici-da-ostanat-podolgo-svezi-03

- Јаткастите плодови секогаш чувајте ги печени за да не примат чуден мирис кога се свежи.

- Печурките чувајте ги во хартиена кеса. Важно е влажноста да не стигне од нив, па затоа чувајте ги на студено и суво место, не во фрижидер.

Би можело да ве интересира:

10 забавни ситуации во кои ќе се препознаете и себеси и своите колеги Постојат шефови кои секогаш ветуваат награда за екстра работа, а на крајот се пр...
10 фотки кои ќе ве збунат – доказ дека начинот на кој ги гледате работите многу менува За некои фотки ќе треба да погледнете двапати, а можеби и повеќепати за да сфати...
Одговори на 12 прашања што сите нè мачат, низ илустрации Дали да се туширате навечер или наутро, колку често да ја менувате четката за за...
10 моменти во животот кои засекогаш ја менуваат жената Првата љубовна разделба е болно, но важно искуство. Иако жената се чувствува изг...
Детали од секојдневието на Американците што секогаш ги изненадуваат странците „Луѓето немаат платен одмор. Неодамна чичко ми се пресели од САД во Англија и ре...
6 безбедносни совети кои можат да ви го спасат животот Што да правите ако сте во автомобил на раб на бездна или, пак, ако паднете во бр...

Најчитани неделава