Подгответе: Плазма сладолед

Омилениот детски вкус овој пат подгответе го поинаку од вообичаено. Потребни ви се неколку едноставни состојки и 15тина минути време. Со малку вложен труд ќе добиете десерт кој со задоволство ќе го поделите со најблиските.

podgotvete-plazma-sladoled-01

Потребно ви е:

  • 2 шлаг пени со вкус на слатка павлака
  • 200ml млеко
  • 3 јајца
  • 200g шеќер
  • 200ml кисела павлака
  • 100g мелена Плазма

Подготовка:

Изматете го шлагот и млекото, околу 5 минути, а потоа во посебен сад изматете ги јајцата со шеќерот. Двата крема соединете ги и во нив додајте ја павлаката. Измешајте ја мелената Плазма при самиот крај.

Претурете ја смесата во калапи за замрзнување и оставете ги да постојат неколку часа.

Кога ќе го служите, Плазма сладоледот може да го комбинирате со свежи јагоди, цреши, овошен сируп, шлаг, чоколаден прелив или суво овошје.

Би можело да ве интересира:

13 детски цртежи кои ќе ве насмеат до солзи (и разнежат) „Син ми ја нацрта учителката - не знам дали да ѝ го дадам цртежот или не“. „С...
„Се преселивме во Виетнам на 10 минути од плажа – за сметки и кирија плаќаме 325 € месечно, за храна... „Живееме во Да Нанг и плаќаме 325 евра за кирија и сметки. Во оваа сума се вклуч...
Вирална објава на учител: „Барав учениците да напишат што им тежи - раскажаа за неправди, болести, с... „Работам во училиште како наставник 22 години. И вчера, ми се чини, доживеав еде...
12 луѓе кои создадоа убав простор во домот и дворот со своите две раце (фото) Стара кујна трансформирана во модерен простор, ново купатило кое не личи на стар...
„Поминав цела деценија во заробеништво, на 10 минути од дома – на 14 години ме киднапира маж кој мис... На 14-годишна возраст, Тања Кач минувала низ тежок период поради разводот на род...
14 креативни (и по малку бизарни) производи, што ќе сакате да ги купите веднаш Од сапун со мирис на сланина, преку плишан мајмун - држач за влажни шамивчиња, д...

Најчитани неделава