Зошто оговараме?

zosto-ogovarame-povekjeДури и кога сме повозрасни сакаме уште да си играме “расипан телефон“. Сите се сеќавате на оваа игра каде една реченица оди во круг, еволуира...


 

...расте, секогаш се враќа изменета, без точно да се знае кога и како тоа се случило.

Токму оваа игра требала да ни биде поука која ќе ја понесеме со себе кога ќе пораснеме, но жалосно е дека голем дел од нас ја заборавиле. Лекцијата на расипаниот телефон е дека - без разлика што и да и кажете на некоја личностzosto-ogovarame, таа ќе ја прилагоди приказната на оваков или онаков начин.

Не ви е и вам доста од оние личности кои играат расипан телефон намерно или случајно? Тоа се оние кои знаат некоја половична информација па малку си додаваат и измислуваат и резултатот - нов трач и сосема извртена приказна.

Се случува да раскажете на некој дека сте биле во продавница и сте купиле леб и млеко за на крај од сосема трета личност да дознаете дека сте купиле леб и млеко, но и десет салами, бисквити, тегла краставици и плус дека сте на диета.

Не сте знаеле? Па тој “некој“ тоа го чул од неколку други личности, а кога веќе толку луѓе знаат тоа МОРА да е точно. И така се врти приказната.

Тука се и оние кои ненамерно слушаат погрешно, но сеедно пренесуваат информации за кои знаат дека не се точни, но сепак би го привлекле вниманието на луѓето.

Всушност, звучи грозно на што се се способни луѓето. А што ги тера на тоа? Преголемата средина каде не постојат вистински пријателства? Или премала средина каде е важно да се случува нешто, па макар тоа било филувано?

Премирно е нема трач, па дај да ја разбрануваме водата. А, можеби и оговарањето е дел од човечката природа и секој мора да го прави понекогаш.

Како и да е, заклучок е дека луѓето кои си играат расипан телефон, немаат сопствен живот ниту пак нешто интересно во него, па смислуваат начини како да го закомплицираат животот на некој друг. Колку само “мали“ можеме да бидеме понекогаш.

Би можело да ве интересира:

11 фотографии полни со љубов, кои ќе ве разнежат Сопруг кој спие во воз, блискоста на луѓето и нивните мисленици - некои фотограф...
Основни правила за носење чанта кои секоја девојка со стил треба да ги знае Не одете на формални настани со приврзоци на чантата кои делуваат детски или тро...
Татко ѝ беше убиен, брат ѝ загина во авионска несреќа, детето ѝ почина од рак: Тажниот живот на ќерк... Керолин Кенеди е единствениот преживеан член од семејството Кенеди. Татко ѝ Џон ...
Лудата приказна за парот кој чувал огромна мечка: Ѝ правеле шпагети, ѝ славеле родендени Почнувајќи од 1970-тите, пар од Шкотска цели 25 години чувал мечка. И покрај тоа...
Надреални фотки кои покажуваат колку е чудна природата Сте виделе ли ембрион од пајак? А мравјалник издлабен во дрво или, пак, најголем...
8 забавни илустрации - Kолку се разликуваат романтичните филмови од реалноста? Во филмовите, момчето и девојката стојат на дожд и си изјавуваат љубов, а во реа...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg