Едно од ретките интервјуа на најпознатиот уличен уметник Бенкси

Најпознатиот уличен уметник Бенкси моментално се наоѓа во Њујорк, а преку меил дал едно од ретките интервјуа во кои зборува за своите дела и за денешната состојба во светот.

edno-od-retkite-intervjua-na-najpoznatiot-ulicen-umetnik-benksi-video-01

„Нажалост, денес сè околу нас се менува пребрзо и згради се градат на сите страни што значително ги намалува можностите за цртање на моите дела. Пред еден месец избрав неколку објекти на коишто имав намера да цртам, но кога тргнав да ги разгледам пред неколку дена, на тоа место веќе почнале со изградба на станбени згради“ – раскажал Бенкси.

Тој кажува дека постојано ги менува градовите бидејќи неговото хоби е илегално, па секогаш бара место кое има повеќе жители за да може полесно да се скрие меѓу нив.

„Размислував да ги посетам и Пекинг и Москва, ама го одложив тоа патување бидејќи имаат лош пијалак“ – се пошегувал уметникот.

edno-od-retkite-intervjua-na-najpoznatiot-ulicen-umetnik-benksi-video-1

Бенкси кажал дека од октомври ќе почне со цртање на улиците на Њујорк и дека секој месец ќе претставува по едно ново дело.

Уметникот додал дека го избрал Њујорк, бидејќи неговите жители навистина знаат да ја ценат неговата работа и предноста во цртањето графити.

edno-od-retkite-intervjua-na-najpoznatiot-ulicen-umetnik-benksi-video-2

Бенкси ја покажал и својата уметничка страна со цртање на позадината на еден камион, каде насликал Рајска градина, на која се наоѓаат водопади.

edno-od-retkite-intervjua-na-najpoznatiot-ulicen-umetnik-benksi-video-5

Кажал дека почнал да црта на улици бидејќи тоа било единствено место кое можело да му овозможи вистинска и верна публика која никогаш не би ја добил во комерцијалните галерии.

edno-od-retkite-intervjua-na-najpoznatiot-ulicen-umetnik-benksi-video-3

За крај на своето интервју, Бенкси изјавил дека Њујорк е како стар светилник кој ги привлекува уличните уметници кои сакаат да ја докажат својата вредност.

Би можело да ве интересира:

„Лицето ми беше уништено по напад со жилет – морав да се откажам од кариерата како модел, но сега су... На само 25-годишна возраст, Марла Хансон, која тогаш работела како модел во Њујо...
Ја силувал, ѝ ги отсекол рацете и ја фрлил во бездна, но се спасила: Потресната приказна на најсилна... Кога имала 15 години, Мери Винсент била силувана, а напаѓачот ѝ ги отсекол двете...
9 фото-докази дека на светот уште постојат добри луѓе со чиста душа „Направив мало шкафче во јавност за оставање бесплатна храна и намирници – некој...
Забавна фото-компилација: Мутирани растенија што изгледаат како од друга планета Велат дека е среќа ако најдете детелина со четири листа. Но, дали сте виделе со ...
Трета светска војна, но не и крај на светот - Што предвидела Баба Ванѓа за 2026-та? Баба Ванѓа има неколку предвидувања за оваа година, но едно од нив е навистина з...
Жена со месеци ѝ праќала вулгарни пораки на ќерка си од скриен број: Приказната зад хит документарец... Повеќе од една година, тинејџерка и нејзиниот дечко добивале вознемирувачки, вул...

Најчитани неделава