Петте најскапи луксузни парфеми во светот


Петте најскапи луксузни парфеми во светот

Парфемите настанале за да ја пренесат замислата, фантазијата и желбата, а најскапите примероци парфеми во светот ги задоволуваат и другите сетила, покрај самиот мирис. Шишенцата се така прецизно изработени од најскапиот кристал и од злато, што ја оправдува цената и од неколку стотини илјади долари.

pette-najskapi-parfemi-vo-svetot-01

 

Ви ги претставуваме петте најскапи парфеми во целиот свет:

1. Clive Christian’s Imperial Majesty Perfume – $215.000 долари

Најскапиот парфем на светот чини „само“ $215.000 долари за едно шишенце! Clive Christian’s Imperial Majesty Perfume има уникатен мирис кој е комбинација од јасмин, кардамом, каранфил, лимон, бергамот и бензион. Иако парфемот има исклучителен мирис, цената му е висока поради шишенцето кое е украсено со вистински дијамант. Произведени се само 20 шишенца од овој парфем, 10 за жени и 10 за мажи.

pette-najskapi-parfemi-vo-svetot-1

pette-najskapi-parfemi-vo-svetot-2

2. Hermes Perfume 24 Fabourg – $1.500 долари за 30 ml

Хермес го произвел овој парфем во 1995 година. Содржи иланг иланг, цвет од портокал, јасмин, ирис, ванила и амбер и сето тоа е само во 30 ml.

 

pette-najskapi-parfemi-vo-svetot-3

pette-najskapi-parfemi-vo-svetot-4

3. Annick Goutal Perfume EAU D’hadrien – $1.500 долари за 100 ml

Познатиот трговец со парфеми Annick Goutal го дизајнирал овој парфем со богат мирис, користејќи ја аромата на грејпфрут и лимон. Неговиот сладок мирис ги фасцинира сите луѓе околу вас.

pette-najskapi-parfemi-vo-svetot-5

pette-najskapi-parfemi-vo-svetot-6

4. Henri Alméras's Joy Perfume for Jean Patou – $800 долари за 30ml

Henri Alméras го креирал Јоу уште во 1929 година и оттогаш се смета за еден од најдобрите парфеми во светот. Јоу е цветен парфем кој настанал за време на кризата по падот на Wall Street и станал многу популарен и покрај високата цена.

pette-najskapi-parfemi-vo-svetot-7

pette-najskapi-parfemi-vo-svetot-8

5. Jar Perfumes The Bolt of Lightening – $765 долари за 30 ml

Познатиот дизајнер на накит, Joel A. Rosenthal го креирал Jar Perfumes и The Bolt of Lightning, силен и свеж парфем чијшто мирис го споредил со мирисот на воздухот после удар на гром.

pette-najskapi-parfemi-vo-svetot-9

pette-najskapi-parfemi-vo-svetot-10

Би можело да ве интересира:

На кое место во светот би се нашле ако ископаме дупка во земјата по права линија? Кога бевме мали, се прашувавме на кое место во светот би се нашле ако ископаме д...
Идеи за летен пикник на плажа заради кои ќе посакате да сте покрај море (фото) Голем пешкир послан на песок, корпа со сезонско овошје, крофни, даска со млечни ...
7 работи заради кои можете да станете инстантно богати Кој од нас не сонувал да се збогати многу брзо? За тоа, верувале или не, може да...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg