Откриена е формулата за совршена пица

Рецептот за совршена пица е еден од најбараните, бидејќи е вистинска мала уметност да се направи добро тесто и да се погоди мерата на тестото и зарзаватот.

otkriena-e-formulata-za-sovrshena-pica-01

Според некои истражувања кои ги направиле некои научници откриле дека тајната е во односот меѓу тестото и зарзаватот кој зависи од големината на пицата.

Така, кога јадеме мала пица со секој залак јадеме и повеќе зарзават бидејќи е концентриран еднакво по површината, а кога јадеме голема пица зарзаватот се разлева по краевите на пицата, па нема толку крцкави корки.

По многуте проучувања, научниците ја објавиле вистинската математичка формула : t/d x r6/(r3-15)2

otkriena-e-formulata-za-sovrshena-pica-1

Во оваа формула „d“ е константа за волуменот на тестото, а „t“ е константа за волуменот на зарзаватот, додека „r“ е големината на пицата. Остатокот на формулата претставува најдобра можна комбинација на мерките на тестото и зарзаватот кои гарантираат дека секој залак е совршен.

Научниците биле ангажирани од ланецот пицерии PizzaExpress за да дознаат зошто нивната Класик пица која е со големина од 11 инчи е помалку популарна од пицата Романа која има големина од 14 инчи, а која има потенко и крцкаво тесто.

Всушност, главниот проблем е во непечената средина на пицата каде обично има премногу зарзават, а колку е пицата помала толку е поголем ризикот дека средината ќе остане непечена.

otkriena-e-formulata-za-sovrshena-pica-2

Слободно испробајте ја формулата за совршена пица во вашата кујна и кажете ни дали се научниците во право?

Би можело да ве интересира:

Мајка ѝ лажела дека е смртно болна за пари од донации, починала на 7 години: Тажната судбина на Олив... Во својот краток живот, на Оливија ѝ биле направени над 20 операции и постојано ...
Ја силувал, ѝ ги отсекол рацете и ја фрлил во бездна, но се спасила: Потресната приказна на најсилна... Кога имала 15 години, Мери Винсент била силувана, а напаѓачот ѝ ги отсекол двете...
Татко ѝ изгорел 20 милиони долари кеш за да ја стопли, живее во страв: Каде исчезна ќерката на Ескоб... Мануела Ескобар имала само девет години кога татко ѝ Пабло Ескобар бил убиен. Па...
Го застрелала убиецот на ќерка ѝ во полна судница: Детали за случајот што до денес го дели мислењето... Некои би ја нарекле убиец, а некои хероина, но Маријан Бахмајер имала само една ...
Апчиња со арсен, шери по секој оброк – бизарни „трикови“ за слабеење од минатото Апчињата за слабеење со мало количество арсен биле хит, а извесен период жените ...
„Прво беше харизматичен, но стана насилен, ми ја запали целата облека – 2 години се подготвував да и... „Кога ќе си дојдев дома, ме испрашуваше, па кршеше предмети по дома, ме заклучув...

Најчитани неделава