Кога е вистинско време за вдомување милениче?

Доколку немате време за да го изведете кучето на прошетка или да му го исчистите кафезот на зајчето, а сакате децата да ви помогнат во тоа, ќе ви бидат потребни некои знаци кои ќе ви кажат дека вашето дете е подготвено за тоа.

koga-e-vistinsko-vreme-za-milenice-01

Без оглед кое животно ќе го земете, тоа ќе бара внимание, грижа и посветеност, а не е подготвено секое дете за такво нешто.

Ова се некои од знаците кои ќе ви помогнат да откриете:

1. Домашни обврски

Секој во домот е задолжен за некои домашни обврски. Ако вашите деца ги исполнуваат без да бидат потсетувани или принудени, тогаш се подготвени за да имаат милениче.

2. Грижа за себе

Доколку вашето дете навистина сака милениче, но уште не може да се грижи за себе, да јаде само или да оди во тоалет, тогаш сигурно не е подготвено да може да се грижи за миленичето.

koga-e-vistinsko-vreme-za-milenice-1

3. Добро однесување

Однесувањето на вашето дете секако може да помогне во донесувањето одлука за купување милениче. Доколку има проблем со послушноста, одењето на спиење или во училиште, тогаш треба да почекате и да видите некое подобрување пред да му купите миленичпе. Не ви е потребен дополнителен стрес, да ги учите и детето и кучето на добро однесување.

4. Активност

Кога малку подобро ќе размислите, децата кои само гледаат телевизија или играат игри на компјутер цел ден, а не уживаат во некоја физичка активност, не се баш подготвени за милениче. Но, доколку вашето дете е активно, сака времето да го минува надвор, да вози велосипед или да трча, тогаш секако е подготвено за милениче, особено за куче.

koga-e-vistinsko-vreme-za-milenice-2

5. Грижливост

Некои деца ги расфрлаат своите играчки, груби се во играта со своите другарчиња и не се пораснати доволно за да бидат свесни за некои работи. Но, доколку вашето дете ја надминало таа фаза, тогаш е подготвено за милениче.

6. Знае да дели

Купувањето куче е исто како добивање уште едно дете и поради тоа, вашето прво дете мора да биде подготвено да дели. Понекогаш домашното милениче ќе бара внимание и од вас или ќе сака да има и некои играчки. Доколку вашето дете не е подготвено да ги дели играчките и вниманието, можеби треба да почекате уште малку.

koga-e-vistinsko-vreme-za-milenice-3

7. Штедење

Штедењето пари е голема работа за децата, особено бидејќи сакаат многу работи да купат. Меѓутоа, доколку се подготвени да штедат за да можат да си купат милениче кое толку долго го сакаат, тоа е знак дека се одговорни и подготвени за дополнителна обврска.

Би можело да ве интересира:

„Мислев дека имам совршен живот со маж ми, но тој водел двоен живот – имал деца со друга жена и бил ... Британката Лејси била сигурна дека го живее сонот - имала сопруг кој ја сака, за...
Посвоила деца и ги терала да снимаат Јутјуб видеа, ги казнувала со тепање: Мрачната приказна зад кан... Машел Хобсон заработила милиони со нејзиниот Јутјуб канал на кој објавувала виде...
12 фото-докази дека на некои луѓе треба да им се забрани да влезат во кујна „Мајка ми направи торта за роденденот на внука ми, инспирирана од Angry Birds. С...
„Почнав врска со млад дечко кога бев на одмор во Турција – ми 'продаваше' бајки, па ми украде 18.000... Жена од Англија запознал млад дечко додека била на одмор во Турција и веднаш поч...
Ги шпионирал нацистите во Втора светска војна: Кој е Србинот што е инспирација за Џејмс Бонд? Душан или Душко Попов бил таен агент за време на Втората светска војна. Нацистит...
„Бев инфлуенсерка и го експлоатирав син ми за кликови – има Даунов синдром, го снимав и кога плачеше... „Кога веќе имав 100.000 следбеници, син ми Диего си дојде дома со плачење – го и...

Најчитани неделава