8 причини за уште повеќе да го сакате чоколадото

Оние кои се вљубени во чоколадото знаат дека не им се потребни поголеми причини за да продолжат да го сакаат и да не можат да се откажат. А и зошто би се откажувале од нешто што ви причинува толку големо задоволство.

8-pricini-za-uste-povekje-da-go-sakate-cokoladoto-01

Понекогаш ви се чини дека чоколадото е единственото нешто што ќе ви го направи денот. Сепак ако барате дополнителни причини за да се оправдате или да си докажете зошто без грижа на совест да го конзумирате секојдневно, научниците ви даваат неколку здрави предности за слаткото кафено парче:

1. Чоколадото прави подобро да работите со бројки

Според некои британски истражувања се докажало дека луѓето кои работат со бројки, пресметување, или други поспецифични работи за кои е потребна поголема концентрација и логика, одлично би им дошло едно топло чоколадо.

8-pricini-za-uste-povekje-da-go-sakate-cokoladoto-1

2. Чоколадото помага во заштитата од сонцето

Не треба никако да го мачкате чоколадото на лице или тело, ниту да престанете да користите креми за сончање, туку секојдневно да јадете одредена количина со што ќе предизвикате кожата сама да си создаде одбранбен систем и да се заштитите од УВ зрачењето. Според некои анализи се забележало дека оние кои јаделе секојдневно чоколадо имале похидрирана кожа и воопшто не изгореле од сонцето.

8-pricini-za-uste-povekje-da-go-sakate-cokoladoto-2

3. Чоколадото ја прави вашата коса посјајна

Може да си направите и супер маска за коса од темно чоколадо, мед и јогурт. Оставете ја да делува околу 1 час и ќе се изненадите од сјајниот ефект на вашата коса кој ќе го добиете. Се разбира, никој нема да ви забележи ако си каснете и некоја коцка чоколадо додека ја правите маската.

8-pricini-za-uste-povekje-da-go-sakate-cokoladoto-3

4. Чоколадото може да ви помогне за да го регулирате индексот на телесната маса

Чоколадото нема да ви ја намали телесната маса, но со некои медицински истражувања во Калифорнија, забележано е дека оние кои почесто конзумираат чоколадо имаат помал индекс на телесната маса во однос на тежината, за разлика од оние кои тоа го прават многу поретко. Дополнително докажано е дека тоа помага и во балансот на хормоните.

8-pricini-za-uste-povekje-da-go-sakate-cokoladoto-4

5. Јадењето чоколадо го одржува здраво вашето срце

Препорачливо е секојдневно да јадете по неколку коцки темно чоколадо, ако сакате здраво срце кое е заштитено од секојдневните појави како тахикардија, аритмија, а на подолг рок и од срцеви удари. Во многу ситуации се покажало дека помага и во лекувањето на скршеното срце или барем за момент смирува.

8-pricini-za-uste-povekje-da-go-sakate-cokoladoto-5

6. Чоколадото помага во смирување на кашлањето

Има состојка во какаото наречена теобромин која помага во намалувањето на активноста на нервот во мозокот кој го интензивира кашлањето.

8-pricini-za-uste-povekje-da-go-sakate-cokoladoto-6

7. Чоколадото може да помогне и во борбата со дијабетисот

Една мала студија покажала дека темното чоколадо помага да се зголеми чувствителноста на инсулинот, кој ги намалува шансите за развој на дијабетисот.

8-pricini-za-uste-povekje-da-go-sakate-cokoladoto-7

8. Чоколадото го подобрува вашиот вид

Веќе знаеме дека чоколадото има влијание на мозокот, помнењето и концентрацијата, но тоа го подобрува и видот, бидејќи овозможува поголем проток на крв до ретината на окото со што би имале многу поизострен вид, особено кога е темно или магловито.

8-pricini-za-uste-povekje-da-go-sakate-cokoladoto-8

Затоа, слободно сакајте го највкусното парче на светот, бидејќи и тоа ќе ви ја возврати љубовта.

8-pricini-za-uste-povekje-da-go-sakate-cokoladoto-9

Би можело да ве интересира:

12 фото-докази дека на некои луѓе треба да им се забрани да влезат во кујна „Мајка ми направи торта за роденденот на внука ми, инспирирана од Angry Birds. С...
„Лицето ми беше уништено по напад со жилет – морав да се откажам од кариерата како модел, но сега су... На само 25-годишна возраст, Марла Хансон, која тогаш работела како модел во Њујо...
Татко ѝ изгорел 20 милиони долари кеш за да ја стопли, живее во страв: Каде исчезна ќерката на Ескоб... Мануела Ескобар имала само девет години кога татко ѝ Пабло Ескобар бил убиен. Па...
Фотки кои покажуваат колку е чудно нашето тело Личност која не може да ги витка палците, маж со побелена брада, но ниту едно бе...
Салами замотани како јаже и уште 11 работи што може да се видат само во Италија (фото) „Мијалник со две педали за топло и ладно, наместо рачки на чешмата“, „Во италија...
„Мислев дека мајка ми била модел во Русија, но се рекламирала како ’невеста по нарачка‘ во списанија... Катја од Русија, која живее во САД, мислела дека нејзината мајка работела како м...

Најчитани неделава