Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Како да си го подобрите расположението ако сте тажни?

11. Повикајте пријател

Понекогаш помага ако разговарате за вашата тага. Јавете се на оние пријатели на кои им верувате и раскажете им што ве мачи, ако ништо друго, барем ќе ви биде полесно кога ќе го извадите тоа од себе.

12. Гледајте го вашето омилено телевизиско шоу

Потрошете некој час од вашето време гледајќи ја омилената емисија која секогаш ви го задржува вниманието.

13. Излезете на сонце

Сонцето влијае позитивно само што ќе го погледнете. Самата светлина ви дава убаво и позитивно чувство. Не можете да бидете долго тажни на убав сончев ден.

14. Седете покрај вода

Има нешто смирувачко во водата кое прави да се чувствувате пријатно и релаксирано. Ви дава некој внатрешен мир. Доволно е само да седнете покрај некоја река или езеро.

kako-da-si-go-podobrite-raspolozenieto-ako-ste-tazni-2

15. Запишете се на некој нов курс

Без разлика дали треба да одите сами или со друштво, одберете некој курс за она што вас ве интересира и насочете го вниманието на новото учење. Барем во одреден дел од денот ќе заборавате на тагата, а и ќе научите нешто ново.

16. Играјте си со миленичето

Без разлика дали е ваше или на некои пријатели, дружењето со некое животинче кое сака да си игра со вас, да го храните или милувате, предизвикува убави чувства кои ве разгалуваат и прават да заборавите на тагата.

17. Бидете креативни

Некои сметаат дека тагата е еден од најголемите поттикнувачи на креативноста. Доколку не сакате да зборувате, тогаш пишувањето, цртањето или нешто друго креативно што ве исполнува е вистинско решение за да се изразите себе и правилно да ја насочите енергијата.

kako-da-si-go-podobrite-raspolozenieto-ako-ste-tazni-3

18.  Расчистете и организирајте

Понекогаш целиот хаос околу вас ја зголемува вашата тага и депресија. Чувствувате дека целиот живот ви е таков. Затоа, почнете да ја расчистувате собата и да ги организирате работите околу вас. Полека ќе ставите ред и на вашите мисли и чувства.

19. Медитирајте

Застанете за момент, затворете ги очите и само дишете. Седнете во целосна тишина и сконцентрирајте само на воздухот кој го вдишувате и издишувате. Исклучете ги сите други мисли. Медитацијата ја намалува тензијата и ви ја отфрла тагата.

20. Дружете се со некое дете

Кога си играте со некое дете, мора да се спуштите на неговото ниво. Па, така, светот го гледате низ детските очи и размислувате според детските зборови. Барем детскиот свет е чист, убав и позитивен. Тука нема место за тага. Само послушајте ги децата и ќе видите дека во светот сè уште може да препознаете добрина и убавина во светот.

kako-da-si-go-podobrite-raspolozenieto-ako-ste-tazni-5



Би можело да ве интересира:

„Тагата не е момент - таа не избледува само затоа што времето оди напред“ Светот може да очекува тагата да има рок на траење, да биде нешто што на крајот ...
Фото-докази дека некои луѓе се поголеми баксузи од вас и имаат полош ден од вашиот „Клучот ми паднал на паркинг полн со снег – кога сфатив, се вратив да го побарам...
Луѓе кои преживеале фатални авионски несреќи – Американец двапати ѝ „избегал“ на смртта Кога авионот почнал да паѓа, Анет изгубила свест. Следното нешто на коешто се се...
Хит прирачник како да си го уништите животот (слатко ќе ве насмее) „Не оди на доктор, игнорирај ги симптомите. Се чувствуваш уморно? Не грижи се, т...
Фотки кои ќе ве утешат – Луѓе кои имале навистина лош ден Скршен клуч во брава, поплавен стан – ако имате лош ден, овие фотки можеби ќе ве...
6 лаги што си ги кажувате сами, а ве кочат во животот „Сите се подобри и поуспешни од мене и никогаш нема да ги стигнам“. Која лага си...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg