Седум инстант трикови за среќа

Не можеме да го избегнеме впечатокот  како сè повеќе и повеќе луѓе сонуваат за нешто што ќе им ја врати насмевката на лицето, без разлика дали се тоа пари, време или љубов.

sedum-instant-trikovi-za-srekja-01

И додека за некои од овие работи потребно е планирање и размислување за да се постигнат, научниците откриваат како со неколку едноставни трикови можете да си го олесните патот до посакуваната среќа.

1.Сина боја

Научниците од Универзитетот во Сусекс докажале дека гледањето во сина боја доведува до зголемување на самодовербата, го намалува нивото на стресот и ја поттикнува среќата. Така, студиите покажале како оваа боја доведува до зголемување на задоволството, што може да се види и на мозочните функции на испитаниците. Затоа, погледнете во небото, длабокото сино море или некој неодолив син фустан, бидејќи вашата среќа зависи токму од тоа.

sedum-instant-trikovi-za-srekja-1

2. Потсетете се на позитивните работи

Истражувањата покажале како луѓето кои на крај на денот набројуваат три работи кои им се случиле, покажуваат поголемо задоволство. Размислете за својот ден, набројте ги сите позитивни случувања и ќе увидите како навистина сте среќна личност. Сетете се на попатните пофалби, некој кој ви отстапил место во автобус, вкусниот ручек кој сте го направиле и направете си го убав крајот на денот.

sedum-instant-trikovi-za-srekja-2

3.Трошете повеќе пари на другите

Според една студија на Харвард се открива дека најсреќни се оние луѓе кои своите пари наместо на себе ги трошат на другите. Без разлика дали се работи за ситница наменета за некој пријател или големи пари кои ги поклонувате во добротворни цели, дарувањето го подигнува нивото на среќа и не е резервирано само за милионерите, туку и за луѓето со просечни примања.

sedum-instant-trikovi-za-srekja-3

4.За среќа се потребни пријатели

Пријателите се богатство, а тоа го потврдува и истражувањето на Универзитетот во Нотингам, кое покажало како возрасните кои изјавиле дека имаат 10 добри пријатели во споредба со оние кои имаат 5 или помалку се позадоволни и посреќни личности. Пријателите всушност, служат за да ја збогатиме личната среќа и да го подобриме квалитетот на животот.

sedum-instant-trikovi-za-srekja-4

5.Заљубете се

Луѓето кои се во врска вообичаено се посреќни од оние кои се сами, а со тоа имаат и поголемо чувство на задоволство, без разлика дали се во среќна врска или не. Тајната се крие во предноста која поединци ја чувствуваат кон партнерот или партнерката, а која го одредува нивното ниво на задоволство.

sedum-instant-trikovi-za-srekja-5

6.Стигнувајте побрзо на работа

Никој не сака долго возење до работното место. Без оглед дали се работи за сопствен или јавен превоз, освен ако не седите и уживате во омилениот музички албум. Научниците утврдиле дека секое задржување низ сообраќајот подолго од 20 минути може да влијае на вашето здравје и на вашето негативно расположение.

sedum-instant-trikovi-za-srekja-6

7.Глумете среќа

Ова не значи дека треба да одите наоколу со монтирана насмевка на лицето, но студиите покажале како преправањето дека сте среќни дури и кога не сте, може да допринесе за подобрување на расположението. Имено, насмевката и гестикулациите поврзани со позитивниот став го зголемуваат бројот на неврони во мозокот кои делуваат како поттикнувачи на среќата.

sedum-instant-trikovi-za-srekja-7

Би можело да ве интересира:

14 луѓе кои брзале да си ја завршат работата, без „мува да ги лази“ за крајниот резултат Сте се нашле ли во ситуација да видите нешто и да искоментирате: „Кој мајстор и ...
18 бизарни работи заради кои не знаете дали да се смеете или плачете (фото) „Вреснав од страв кога се запали светлото во тоалетот во ресторанот“ „Вреснав...
12 луѓе кои ќе мора да ја сменат фотката на пасошот за да не изгледаат како две различни личности „Јас сум мајка на пет деца, но дури откако наполнив 40 години и по разводот, поч...
10 новогодишни суеверија што (наводно) ќе ви донесат среќа во 2026-та Ставете повеќе пари во паричникот за да биде полн кога ќе влезете во новата годи...
9 работи што ги знаат само Јапонците, а ние не, и затоа се многу смирени Не прават работи со сила, веруваат дека сè се случува со причина и дека вистинск...
Фотки што ќе ве разгневат: Себични (и мрзливи) луѓе кои мислат само на себе Луѓе кои оставаат неред и ѓубре на јавни површини, луѓе кои не користат слушалки...

Најчитани неделава