Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Вистини и заблуди за студеното време

За многу работи за кои сте сигурни дека ви помагаат да се затоплите во студените денови, се всушност погрешни.

vistini-i-zabludi-za-studenoto-vreme-01

Откријте ги вистините и заблудите за студеното време кои ќе ви помогнат на правилен начин да ја контролирате телесната температура.

Алкохолот нема да ве згрее

Можеби ќе ви звучи малку чудно, но алкохолните пијалаци всушност ја намалуваат телесната температура. Со тоа го зголемуваат ризикот од хипотермија. Сепак, вам ќе ви се чини дека ви е потопло бидејќи алкохолот ги шири крвните садови, а крвта ви поминува низ телото. Но, тој ефект е само привремен и само ќе му го отежне загревањето на телото.

vistini-i-zabludi-za-studenoto-vreme-1

Ѓумбирот помага во загревањето

За разлика од алкохолот, докажано е дека колачите од ѓумбир навистина ја зголемуваат телесната температура и може да ве загреат на речиси ист принцип како и лутите пиперки.

vistini-i-zabludi-za-studenoto-vreme-2

На осамените им е поладно

Научници од универзитетот Торонто докажале дека недостатокот на друштвени контакти и врски може да влијае и на физичките симптоми. Така, осамените луѓе чувствуваат поголем студ од оние кои се опкружени со пријатели.

vistini-i-zabludi-za-studenoto-vreme-3

Ниту топлите пијалаци не помагаат

Кога пиеме топол чај или варено вино, рецепторите на јазикот испраќаат порака до мозокот дека доаѓа нешто врело и дека превентивно треба да се потиме за да не дојде до прегревање на организмот. Но, тоа само ќе ве разлади. Всушност, треба да се напиете нешто ладно за да му испратите информација на организмот дека треба да се загрее.

vistini-i-zabludi-za-studenoto-vreme-4

Нема да настинете од студот

Ако мислевте дека настинувате од ладното време, грешите. Не постои ниеден доказ дека изложеноста на студ предизвикува настинка. Всушност, зимно време поминувате повеќе време во затворени простории каде побрзо се шират вирусите и затоа настинувате.

vistini-i-zabludi-za-studenoto-vreme-5

Чевлите ви ја чуваат главата

Капата ја покрива главата, но чевлите ја штитат. Докажано е дека преку главата губиме само околу 7 проценти топлина. Некои стручњаци тврдат дека на тој начин губиме најмногу топлина, но се покажало како неточно. Но, добрите чевли се исклучително важни ако сакате да го заштитите вашето здравје, особено главата.

vistini-i-zabludi-za-studenoto-vreme-6

Мaжи vs. Жени

Докажано е дека мажите и жените различно го чувствуваат студенилото. Мажите имаат повеќе мускули, па полесно го загреваат телото. Жените се познати дека по правило имаат ладни дланки.

vistini-i-zabludi-za-studenoto-vreme-7

Какво ви е потеклото?

Интересно е тоа што луѓето од северните земји се подобро прилагодени на зимата и полесно ја поднесуваат. Кај нив се откриени генетски модификации кои ја зголемуваат отпорноста на студот. Ако имате предци од северот, полесно ќе го поднесете студеното време.

vistini-i-zabludi-za-studenoto-vreme-8

Белата е најтопла боја

Треба да знаете дека белата облека е најдобра во зима. Таа ја рефлектира топлината, па таа што ја испраќа вашето тело, се рефлектира и ви се враќа. Тоа ќе ја чува вашата топлина. Црната би имала спротивен ефект.

vistini-i-zabludi-za-studenoto-vreme-9

Би можело да ве интересира:

Луѓе кои не издржале ни половина година во брак откриваат зошто се развеле „Не јас, туку мој пријател се венча со девојка му бидејќи таа беше војник и треб...
Жена од Канада создава куќички за кучиња од LEGO коцки: „Имам неколку стотици илјади коцки и продолж... Лорета Квинси својата страст од детството ја претворила во нешто уникатно. Ло...
Низ илустрации: Kако да позирате за да изгледате повитки на фотографиите? Немојте да ги лепите рацете до телото, застанете под благ агол, а во групните фо...
15 фото-докази дека брадата е како шминка за мажите Ги крие несовршеностите на лицето и може целосно да го трансформира ликот – брад...
Места ширум светот со најмногу рестрикции за посетители (забранети се и за најмоќните лидери) Капелата во којашто се верува дека се наоѓа ковчегот со 10-те божји заповеди е в...
Фото докази од луѓе кои имале една работа – и не успеале да ја завршат како што треба Кога вработените во маркет целосно ќе ги промашат производите и ќе ги стават на ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg