Шест мисли со кои се залажуваме

Често имаме навика во одредени ситуации да си кажуваме мали лаги, ако не сме подготвени да се соочиме со вистината. Иако знаеме дека се лаги, сепак делумно веруваме во истите, бидејќи така се чувствуваме подобро во одреден момент.

sest-misli-so-koi-se-zalazuvame-01

Ова се шест најчести реченици со кои треба да престанеме да се залажуваме:

1. Би сакал/а да го направам тоа, ама не можам

„Не можам“ по правило значи „не сакам“ и всушност ни овозможува да се преправаме дека не е наша одговорност, тоа што не сакаме да го направиме. Наместо „не можам“ би требало да кажеме „не сакам“, бидејќи така чувствуваме, дека ќе го направиме тоа кога ќе одлучиме.

2. Го заслужувам ова колаче, ми требаат тие чевли...

Целта на овие реченици  е да ни овозможат привремено да се сокриеме од нашите вистински чувства. Проблемот се јавува кога чувството на удобност ќе исчезне, бидејќи тогаш мораме да се соочиме со себе. Наместо да кажеме „ми треба нешто“, подобро е да кажеме „го сакам тоа“. Така ќе почувствувате големо ослободување.

3. 100 проценти сум во право

Ова е една од најштетните лаги, позната и како основна пристрасност – односно идеја дека сите други се пристрасни освен ние. Убедувањата дека знаете сè најдобро, ве спречува да ги сослушате доказите кои ви укажуваат дека не сте во право. Така станувате личност со која е тешко може некој да се дружи.

4. Немам волја

Сите ние барем делумно имаме волја, но таа е ограничена. На пример, не би требало во ист ден да престанеме да пушиме, да почнеме со диета и да подготвуваме испит, бидејќи сето тоа ќе нè исцрпи, па нема ниедно да постигнеме добар резултат. Но, барем за едно нешто мора да имаме волја.

5. Никогаш нема да преболам

Не е точно! Под услов сами на себе да си дозволите да почувствувате некои негативни емоции и да верувате на природата. Сите емоции имаат ограничен век на траење и кога - тогаш се повлекуваат. Ако си дозволите себе да се изборите со негативните емоции кои ве „скршиле“ за шест месеци ќе ја надминете таа состојба.

6. Јас не им судам на другите луѓе

Не се залажувајте, секако дека им судите. За помалку од една секунда сите донесуваме некаков суд за друга личност. По правило, другите луѓе ги просудуваме според  нивната топлина и стручност. На пример, кон луѓето кои ги доживуваме како компетентни или рамноправни, но ладни (богатши) често чувствуваме завист и непријателство. Суштината на пресудите е само во тоа што утврдуваме колку се вклопуваме во комуникацијата со другите луѓе.

Би можело да ве интересира:

14 луѓе кои брзале да си ја завршат работата, без „мува да ги лази“ за крајниот резултат Сте се нашле ли во ситуација да видите нешто и да искоментирате: „Кој мајстор и ...
12 фото-докази дека на некои луѓе треба да им се забрани да влезат во кујна „Мајка ми направи торта за роденденот на внука ми, инспирирана од Angry Birds. С...
12 очајни онлајн нарачки, поради кои и ќе ви падне жал за луѓето што ги добиле (фото) „Порачав фустан и стрпливо го чекав 3 месеци, Дури и го пробав за да му дадам ша...
Фотки што ќе ве разгневат: Себични (и мрзливи) луѓе кои мислат само на себе Луѓе кои оставаат неред и ѓубре на јавни површини, луѓе кои не користат слушалки...
9 фото-докази дека на светот уште постојат добри луѓе со чиста душа „Направив мало шкафче во јавност за оставање бесплатна храна и намирници – некој...
„Отидов во Дубаи со ветување за работа и нов живот – станав жртва на трговија со луѓе“ „Кога стигнавме во Дубаи, ни кажаа дека нема работа, но дека должиме илјадници д...

Најчитани неделава