Во Америка врнат долари во ритамот на „Let it snow“ (видео)

Сергеј Воробјонов на т.н. „Црн петок“ во Блумингтон, Минесота , направил нешто што ретко се гледа. Раситнил 1000 долари во банкноти од по 1 долар, па почнал да ги расфрла од четвртиот кат на трговскиот мол во Америка..

vo-amerika-vrnele-dolari-vo-ritamot-na-et-it-snow-video-01

Сето тоа во момент додека во центарот настапувало италијанско трио кое токму тогаш ја пеело божиќната „Let it snow“. Навистина врнело, но не снег, туку пари со мала вредност, но голема среќа за сите кои се обидувале да ги фатат.

Причината за сето ова тој ја открива на својот блог, каде објаснил дека сакал да направи нешто во празничниот дух, позитивно и весело, со оглед на тоа што зад него била тешка година во која тој минувал низ развод. Едноставно сакал да направи нешто убаво.

Овој гест е веќе забележан и поддржан од многумина, иако за жал, во моментот кога се случувала магијата и радоста, обезбедувањето го уапсило не знаејќи зошто сето тоа го прави и каква намера има. Но, по краткиот распит бил пуштен на слобода.

Без разлика на сè, убаво е кога некој ќе направи макар и најмал позитивен гест кој може да предизвика општа среќа.

Погледнете како врнат долари

Би можело да ве интересира:

„Тед Банди проба да ме убие кога имав 14 години – мислев дека гледам во демон, а не човек“ „Ме грабна за коса и ми ја стави главата под вода. Мислам дека бев под вода цела...
„Почнав врска со млад дечко кога бев на одмор во Турција – ми 'продаваше' бајки, па ми украде 18.000... Жена од Англија запознал млад дечко додека била на одмор во Турција и веднаш поч...
„Ме нападна ајкула во плитка вода, ми ги одгриза дланката и ногата – маж ѝ удри бокс за да ме спаси“ „Бев во шок. Мојот мозок знаеше дека нешто се случува, но телото не ми реагираше...
Ги шпионирал нацистите во Втора светска војна: Кој е Србинот што е инспирација за Џејмс Бонд? Душан или Душко Попов бил таен агент за време на Втората светска војна. Нацистит...
„Се инфилтрирав во картелот на Ескобар за ФБИ – гледав како свирепо убиваат луѓе, разнесував милиони... „Знаев што им се случува на предавниците во картелот ако ги фатат. Наш извор беш...
„Отидов во Дубаи со ветување за работа и нов живот – станав жртва на трговија со луѓе“ „Кога стигнавме во Дубаи, ни кажаа дека нема работа, но дека должиме илјадници д...

Најчитани неделава