Пијанист бездомник не знае ниедна нота, а воодушевува со својата музика (видео)

Бездомник кој не ги знае нотите и нема никакво музичко образование ги изненадил вработените и купувачите во една продавница за половни инструменти во Ванкувер со виртуозно свирење на клавир.

pijanist-bezdomnik-koj-ne-znae-niedna-nota-a-voodusevuva-so-svojata-muzika-video-01

Без оглед на тоа што прстите му се премрзнати од суровата температура, Дејвид Ален Велш (50) отсвирел фасцинантна музичка мелодија која го задржала вниманието на сите вработени во продавницата Second Hand Solutions.

Вработените кажуваат дека Велш, кој е бескуќник од својата шеста година, доаѓа еднаш или двапати месечно во текот на една година и секојпат ги импресионира посетителите со своето свирење на клавирот, а некои од нив ги доведува и до солзи.

Велш раскажува дека нема контрола над она што го свири. Музиката едноставно го обзема. Никогаш не одел на часови по клавир и не знае да чита ноти.

„Не знам да свирам , но ми се допаѓа она што го слушам во мојата глава. Некогаш не знам ни кој клавиш го допирам. Не ги отворам очите, само ја пуштам музиката да свири.“ – раскажува Велш.

Роден е во Ајова, а израснал во Дакота, каде некое време живеел во возови.

Рано го открил својот талент, но можел да свири само на позајмен клавир во разни прифатилишта за бездомници и во продавници за стари инструменти.

Тој кажува дека музиката го одржала во тешките времиња и дека чувствува како прстите му ги движи некоја „божествена моќ“.

Слушнете го како свири:

Би можело да ве интересира:

„Полна рака спомени од детството... Денешните деца не посегнуваат да скинат зелени кајсии или сливи“ Јадевте ли вие зелени сливи и кајсии? И дали јадете и денес како возрасни? Ах, с...
10 чудни работи што луѓе ги нашле во продавница: „Го купува ли некој ова?“ Дали некогаш сте влегле во продавница, а да се изненадите од некои од предметите...
Лошите и добри страни на работата од дома, низ 16 забавни илустрации Марфиевиот закон за сите што работат од дома гласи: „Ако излезете до продавница ...
13 детски цртежи кои ќе ве насмеат до солзи (и разнежат) „Син ми ја нацрта учителката - не знам дали да ѝ го дадам цртежот или не“. „С...
„Платив 120$ за маса од 8.000$“: Луѓе кои пронајдоа вистинско богатство во продавници од втора рака „Најдов прво издание на една од моите омилени детски книги - и со автограм од ав...
Таџ Махал, Нотр Дам: Колку долго се граделе најпознатите знаменитости во светот? Знаевте ли дека изградбата на Големиот кинески ѕид траела околу 2.300 години? По...

Најчитани неделава