Најмали хотели на светот 2

najmalite-hoteli-povekjeВо вториот дел од претставувањето на најмалите хотели во светот ќе отпатуваме во чудните капсули во Јапонија, како и во еднособен хотел и аеродромско...

 

...луксузно одморалиште во Холандија. Каде би оделе вие?

Капсула хотел во Јапонија

Меѓу најмалите хотелски соби секако спаѓаат и „капсула“ хотелите кои се навистина неверојатно мали, а често имаат услуги како бежичен интернет и телевизор.

Овие соби од фиберглас се смислени од Јапонија, и не треба да не` изненади фактот што не станаа популарни никаде освен таму.

kapsula1 kapsula2

Капсулите се со големина од 2m/1m/1.25m, а куферите ги оставате во шкафче надвор од собата. Веднаш надвор од собите (ако може да се наречат така) има разни автомати, ресторани, базени...

Интересно е што овие соби многу повеќе од туристите ги користат локални бизнисмени кои се премногу пијани за да си одат дома. Едно ноќевање во нив чини околу 40 долари!

 

Grand Hotel de Kromme Raake во Eenrum, Холандија

Ова е еден од најмалите хотели во светот и единственото нешто по што е препознатливо гратчето Eenrum. Она што порано било мини маркет сега е еднособен хотел декориран во арт деко стил.

holandija2 holandija3

 

А ова необично место во Гинисовата книга на рекорди го има два пати - на отворањето на најмалиот хотел на светот виното се ставаше од најголемото шише Beaujolais во светот.

 

Citizen М во Амстердам

Името на овој хотел е кратенка од „citizen mobile“ како што ги нарекуваат современите туристи - луѓе што многу патуваат и сакаат луксузен престој по прифатливи цени.

Еволуцијата во хотелската индустирија подразбира соби направени од најквалитетни материјали. Првиот од планираниот ланец хотели се наоѓа веднаш до аеродромо во Амстердам и има 230 луксузни соби уредени во современ, минималистички дизајн и преполни со најнова технологија.

citizen-zgradata
Зградата на хотелот

citizen-lobi
Лобито на хотелот

citizen-soba
Собите во хотелот

citizen

Би можело да ве интересира:

„Почнав врска со млад дечко кога бев на одмор во Турција – ми 'продаваше' бајки, па ми украде 18.000... Жена од Англија запознал млад дечко додека била на одмор во Турција и веднаш поч...
13 корисни работи од TEMU кои ќе ви го олеснат летниот одмор со деца Направа за полесно нанесување крем за сончање, голема мрежеста торба која собира...
11 ситуации кои може да ви се случат на одмор и не се она што го планирате, низ илустрации Неколку месеци вежбате напорно за да имате фит тело на плажа, но доволна е само ...
„До 26 години се разведов 3 пати – повторно ќе се мажам, но никој не верува дека ќе издржам долго“ „Првпат се венчав на 19 години и навистина не знаев што значи бракот. Сите ми ка...
„Јапонија е ужасна за одмор со деца – не нè пуштаа во ресторани, нè бркаа од такси“ „За време на нашето двонеделно патување, веќе престанав да бројам колкупати враб...
14 катастрофални онлајн нарачки, што ќе почнете да се смеете од мака „Порачав патики и кога стигнаа, сфатив дека двете се леви“ - сте добиле ли и вие...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg