Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Каков Дедо Мраз сте вие?

Доколку трчате на каса во последен момент пред да се затворат продавниците , припаѓате на групата кампањски купувачи. А доколку веќе со месеци однапред имате сè испланирано, вие сте т.н. тип на планери.

kakov-dedo-mraz-ste-vie-01

Додека „слонот купувач“ ги памти подароците и враќа со иста мера , преносителот на подароците подарува подароци кои и самиот ги примил. Постојат и ентузијастички типови, како индивидуалците.

Кампањски Дедо Мраз – купува во последен момент

Доколку редовно купувате на самиот ден на празникот и често трчате на каса пред да затворат продавниците, вие сте кампањски Дедо Мраз. Иако имате желба да подарувате, тоа го одложувате, па на крај не сте баш задоволни од она што сте купиле, но вам во гужвата не ви останува ништо друго.

Планер Дедо Мраз

Планерот има испланирано и запишано сè на хартија, неколку месеци порано. На овој тип ништо не може да му ги измеша плановите, а идејата за тоа што ќе им подари на најблиските  ја има веќе неколку месеци. Неговите подароци се секогаш оригинални и одговараат на оној кој ќе ги добие. Купените подароци се уредно спакувани уште на почетокот на декември.

Он лајн Дедо Мраз

Овој технолошки напреден Дедо Мраз одлучува да си ги скрати маките од празничниот шопинг, па подароците за најблиските ги бара на интернет страниците за купување. Нарачува секакви подароци, од шминки до гаџети. Не ги пакуваат дополнително, туку ги оставаат во истата картонска кутија во која им пристигнуваат.

kakov-dedo-mraz-ste-vie-1

Дедо Мраз - декоратер – изгледот на подароците им е многу важен

Тоа е тип кој повеќе труд и грижа вложува во изгледот на подарокот, отколку во самиот подарок. Убави панделки, светкави ленти, убава хартија со разни мотиви и декорации се негово омилено хоби. Тој е естетска личност на секое поле во животот.

Обожувач на купони

Овој тип нема инспирација за избор на добри подароци, но не сака да остави впечаток дека не се потрудил. Поради тоа купува купони како подарок и во продавници и на интернет. Така им овозможува на блиските сами да ги искористат.

Дедо Мраз -практичар

Тој е практичар кој голем труд вложува во изработка на оригинален подарок. Обожува да подарува, а неговите подароци се секогаш најдобри, бидејќи се води според желбите на оние за коишто купува. Тој не купува типични подароци како чоколади или парфеми, туку исклучиво само она што смета дека би му користело на оној на кого подарува.

kakov-dedo-mraz-ste-vie-2

Дедо Мраз со меморија на слон

Овој тип не заборава што му подариле другите, па секогаш враќа со иста мера . Неговото мото е „Чиста сметка – долга љубов“ поради што секогаш чувствува притисок да врати со еднакво добар или лош подарок. При тоа обрнуваат внимание другите да ги наградат или казнат со својот подарок

Дедо Мраз - индивидуалец

Само еден е оригинален. Овој тип не купува вообичаени подароци  туку изработува свои. Без разлика дали се рачно изработени или во комбинација со купени предмети за да направи нешто посебно. Од него може да очекувате фото албум со слики или рачно плетени чорапи.

Ловец на попусти

За овој тип најважен критериум е „вистинската вредност на парите“. Тој на сите ќе им подари маици ако види дека се продаваат во пакет „плати една земи три“. Бара да купи што повеќе подароци за помалку пари. Тоа не значи дека му е сеедно за подароците. Тој едноставно така функционира бидејќи такви производи купува и за себе.

Преносител на подароци

Од овој тип се очекуваат миризливи свеќи, сол или купка за капење, шише вино. Но, тоа не се подароци кои тој самиот ги одбрал за другите. Тој ги собира, а ако не му се допаѓаат  или не ги користи, тогаш ги подарува на некој друг. Проблемот настанува ако заборават од кого што добил, ап може да му го врати истиот подарок.

kakov-dedo-mraz-ste-vie-3

Каков Дедо Мраз сте вие?

Би можело да ве интересира:

10 работи што денес ни се смешни, а биле сосема нормални во минатото (фото) Во 1920-тите биле измислени здолништа за капење, но, многумина сметале дека овие...
Идеи за кул есенски фотки (број 1: лист како здолниште) Од позирање „преку“ лист на кој имате исечено срце до позирање со чадор од кои „...
Милиони за патувања, храна, обезбедување: Колку пари троши папата и како ги заработува? Папата не зема плата во традиционална смисла на зборот, но за неговите потреби с...
„Ако сте во брак и имате одделни финансии, не сте тим - вие сте само цимери со бурми“ „Во брак сте - не сте цимери. Парите не треба да бидат „мои“ или „твои“, туку „н...
Фотки кои ќе ве утешат – Луѓе кои имале навистина лош ден Скршен клуч во брава, поплавен стан – ако имате лош ден, овие фотки можеби ќе ве...
16 фото-докази дека бракот никогаш не е здодевен „Дома почна да мириса на изгорена пластика, сопругот ме зеде за рака, ме одведе ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg