Каде се кријат највкусните макарунс со арома на Париз?

Вистинските зависници од слатки никако не смеат да го пропуштат уживањето во крцкавата, префинета делиција со арома на Париз - макарунс.

kade-se-krijat-najvkusnite-makaruns-so-aroma-na-pariz-01

Се работи за популарен кекс кој се состои од крем и бисквити создадени од белка и бадеми. Денес постои огромна палета на вкусови, од ванила и чоколадо, до шафран и злато, а некои одат толку далеку што прават и макарунс со вкус на козјо сирење или кромид.

Најпрепознатлив елемент кај овие слатки е изгледот кој вклучва бесконечно многу варијанти на бои, од силни и впечатливи, па до нежни пастелни нијанси.

Ако по овој сочен опис сакате да го почувствувате уникатниот, нежен и полн вкус, а воедно и да уживате во најлуксузните пакувања, тогаш ви препорачаме да пробате макарунс во некоја од најреномираните продавници во Париз.

Ladurée

Оваа слаткарница е заслужна за популарноста на овој феноменален десерт. Тука може да се пронајдат над стотина различни вкусови - од оние стандардните како карамела и јагода, па се до егзотичните, со вкус на диви рози и цвет од портокал.

Ентериерот на продавниците воодушевува, а се е уредено во стилот на филмот Марија Антоанета, така што можете да уживате во раскошниот амбиент, пастелните бои и неповторливата декорација – Ајфелови кули создадени од макарунс.

kade-se-krijat-najvkusnite-makaruns-so-aroma-na-pariz-02


Pierre Hermé

Макарус колачињата од оваа слаткарница се одликуваат со густ, кремаст фил. На купувачите им е овозможено сами да го комбинираат вкусот на кремот и бисквитот, па така тука можете да пробате макарунс со вкус на васаби и маслиново масло.

Pierre Hermé слаткарницата е позната по тоа што е создавач на денот на макарунс колачињата кој се одржува секоја година на 20 март, кога слаткарниците во Париз подаруваат големи количини макарунс во замена за хуманитарни средства.

kade-se-krijat-najvkusnite-makaruns-so-aroma-na-pariz-03


Pain de Sucre

Оваа пекара е прочуена по креативните и необични вкусови на макарунс. Тука може да пронајдете потполно несекојдневни вкусови, а еден од најинтересните е макарунс кексот со вишна и ф’стак.

Уште една необична работа по која е прочуена оваа пекара се солените макарунс, а најпродавани се оние со вкус на козјо сирење и морков.

kade-se-krijat-najvkusnite-makaruns-so-aroma-na-pariz-04


Gérard Mulot

Покрај традиционалните вкусови, како што се чоколадите и малините, оваа слаткарница нуди сезонски макарунс кекси, односно вкусови кои се актуелни во одреден период од годината.

Така, во зима и есен најпопуларни се вкусовите од лешник и рибизла, а во летните денови најпродавани се колачињата со вкус на банана, вишна и ментол.

Овие макарунс содржат повеќе шеќер и се покрцкави од вообичаено, па затоа се одличен избор за оние кои сакаат посладок вкус.

kade-se-krijat-najvkusnite-makaruns-so-aroma-na-pariz-05


Sadaharu Aoki

Најегзотичната изработка на макарунс колачињата, ги комбинира вкусовите на две земји – Франција и Јапонија.

Колачињата во оваа слаткарница се поситни во однос на остатите, односно се создадени во големи на еден залак. Ова е единствено место каде можете да пробате макарунс со вкус на јапонски зелен чај.

Покрај тоа, Sadaharu Aoki е позната слаткарница која веќе години испорачува слатки за прочуените светски модни куќи.

kade-se-krijat-najvkusnite-makaruns-so-aroma-na-pariz-06

Би можело да ве интересира:

Таџ Махал, Нотр Дам: Колку долго се граделе најпознатите знаменитости во светот? Знаевте ли дека изградбата на Големиот кинески ѕид траела околу 2.300 години? По...
12 докази дека бабите во минатото имале „златни раце“ (фото) „Баба ми ја направи куклава, од порцеланот, преку фустанот, до чадорот“ „Баба...
10 чудни фотографии, кои се совршени на свој начин „Никогаш не сфатив кај е телото на мајка ми на оваа фотка од детството“. „Ник...
10 новогодишни суеверија што (наводно) ќе ви донесат среќа во 2026-та Ставете повеќе пари во паричникот за да биде полн кога ќе влезете во новата годи...
„Платив 120$ за маса од 8.000$“: Луѓе кои пронајдоа вистинско богатство во продавници од втора рака „Најдов прво издание на една од моите омилени детски книги - и со автограм од ав...
Исчезнал во Бугарија, снимен е како бега од аеродром во Варна: Мистеријата зад „најпознатата исчезна... Во 2014 година, Германецот Ларс Митанк отишол на одмор во Варна, Бугарија. Но, к...

Најчитани неделава