Какви чевли, таков маж

Одамна е останата познатата фраза дека човекот по обувките се познава. Иако звучи многу површно, сепак во многу ситуации се докажало дека има голема поврзаност помеѓу карактерот и чевлите, особено кај мажите.

kakvi-cevli-takov-maz-01

Тие говорат и за вкусот, стилот, но и за тоа колку мажот се грижи за својот изглед, а со тоа и што сака да истакне од својот имиџ.

Морнарски стил на чевли – претенциозен и длабоко во себе сè уште е мамин син.

kakvi-cevli-takov-maz-1


Кожни чевли на врзување
– Иако може да изгледа премногу сериозно, тој има вкус и свесен е за тоа каков впечаток оставаат квалитетните чевли на луѓето околу него. Но, внимавајте, тој може повеќе да се грижи за своите чевли, отколку за вас.

kakvi-cevli-takov-maz-2


Каубојки
– станува збор за традиционален и семеен тип. Тој ќе ви ја отвори вратата од автомобилот,ако посакате, но потоа ќе го стартува автомобилот и ќе замине со најголема брзина.

kakvi-cevli-takov-maz-3


Мартинки
– ако ви се слабост „лошите момци“ ова е вистински тип за вас.

kakvi-cevli-takov-maz-4


Сандали и апостолки
– ако ги носи на плажа, тоа е во ред. Но, ако ги носи без оглед каде се наоѓа, тогаш се работи за премногу опуштена личност.

kakvi-cevli-takov-maz-5


Длабоки патики
– самоуверен, сака музика и спорт. Сепак, внимавајте да не се заиграте премногу.

kakvi-cevli-takov-maz-6


Бели патики
– него повеќе го интересира библиотеката отколку девојките. Сака математика и видеоигри, а ако му дадете шанса може и вистински да се вљуби во вас.

kakvi-cevli-takov-maz-7


Платнени патики
– Веројатно уште оди во училиште или итно му треба стилист. Нему не му е важно како изгледа и премногу е мрзлив за да се заморува со тоа. Доколку сакате да се занимавате со трансформации, тогаш овој тип на момче ви е вистинска пракса.

kakvi-cevli-takov-maz-10

Го пронаоѓате ли својот партнер меѓу овие типови момци, според обувките?

Би можело да ве интересира:

„Мислев дека имам совршен живот со маж ми, но тој водел двоен живот – имал деца со друга жена и бил ... Британката Лејси била сигурна дека го живее сонот - имала сопруг кој ја сака, за...
„Почнав врска со млад дечко кога бев на одмор во Турција – ми 'продаваше' бајки, па ми украде 18.000... Жена од Англија запознал млад дечко додека била на одмор во Турција и веднаш поч...
Татко ѝ изгорел 20 милиони долари кеш за да ја стопли, живее во страв: Каде исчезна ќерката на Ескоб... Мануела Ескобар имала само девет години кога татко ѝ Пабло Ескобар бил убиен. Па...
Апчиња со арсен, шери по секој оброк – бизарни „трикови“ за слабеење од минатото Апчињата за слабеење со мало количество арсен биле хит, а извесен период жените ...
Салами замотани како јаже и уште 11 работи што може да се видат само во Италија (фото) „Мијалник со две педали за топло и ладно, наместо рачки на чешмата“, „Во италија...
Ги шпионирал нацистите во Втора светска војна: Кој е Србинот што е инспирација за Џејмс Бонд? Душан или Душко Попов бил таен агент за време на Втората светска војна. Нацистит...

Најчитани неделава