Зошто да биде едноставно, кога може да биде комплицирано?

Реално, работите се толку едноставни, што не можат да се направат поедностави. Единствено може да бидат покомплицирани, ако се трудиме да го најдеме она што го нема.

zosto-da-bide-ednostavno-koga-moze-da-bide-komplicirano-01

Колку пати досега знаеше дека единствено што треба да направиш е искрено и отворено да му кажеш? Колку пати тоа се обиде да го изведеш на сите други начини, освен на вистинскиот?

Вечната заблуда дека некој ќе ги прочита твоите мисли или дека во погледот ги пишува сите реченици кои треба да бидат изговорени. Тие се најголемите виновници.

Се обиде да бидеш нема и ништо да не проговориш, се обиде да бидеш глува за сите совети и убедувања, се обиде да бидеш слепа дека не го забележуваш за да се појавува повторно и повторно ловејќи ти го погледот.

Зар не го бараше истото што и тој?

zosto-da-bide-ednostavno-koga-moze-da-bide-komplicirano-2

А толку беше едноставно... Само еден поглед, една насмевка, барем еден збор... и сè ќе беше полесно.

Но, зошто да биде едноставно, кога може да биде комплицирано? Може да биде вистинска драма.

Ти имаш замислено сценарио кое, нормално, дека не се одвива како што очекуваш, па добиваш заплети, преплети, кулминации, само никако да го добиеш посакуваниот расплет и „Happy end“.

Ама ако, сакаш да замислуваш, да претпоставуваш со уште 5 можни теории зошто ја завртел главата лево или десно, зошто ти се насмевнал или не. Сакаш да изгубиш 5 месеци толкувајќи го неговиот поглед кој не се одлепува од тебе и чека твој знак кој не го добива. Не може, не е по твоето сценарио. Продолжи да го губиш времето.

Уште колку може да го комплицираш твојот филм? Поставуваш предизвици, препреки, игри, трофеи... а инструкции нема.

Она што е најтрагично е што тој не ни знае дека воопшто е дел од некое сценарио. Ти и понатаму си нема, глува, слепа.

zosto-da-bide-ednostavno-koga-moze-da-bide-komplicirano-3

Колку време ти би се трудела околу некој што не те забележува? Си се запрашала некогаш?

Еден ден ќе ти досади и тебе. Ќе ти се смачи од играта или можеби ќе сфатиш дека не те сфаќа, па храбро ќе се залеташ „да му нацрташ“ ако треба.

Тогаш ќе го кажеш она што требаше да го кажеш пред петте месеци, пред сето изгубено време, пред сите пропаднати шанси.

Тогаш ќе го кажеш она што тој сакаше да го слушне пред да се откаже. Она што и ти сакаше да го кажеш пред да се измориш. Она што и двајцата сакавте да го кажете пред да биде доцна.

Но зошто да е едноставно, кога може да биде комплицирано?

zosto-da-bide-ednostavno-koga-moze-da-bide-komplicirano-1

В. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Колку светлото го менува изгледот на познатите градби во Македонија и светот? Кривата кула во Пиза, Ајфеловата кула во Париз, операта во Сиднеј се само дел од...
Милиони за патувања, храна, обезбедување: Колку пари троши папата и како ги заработува? Папата не зема плата во традиционална смисла на зборот, но за неговите потреби с...
Фото докази од луѓе кои имале една работа – и не успеале да ја завршат како што треба Кога вработените во маркет целосно ќе ги промашат производите и ќе ги стават на ...
Била слепа и глува, завршила факултет и станала писателка и активистка: Животот на Хелен Келер Иако ги загубила слухот и видот пред да наполни две години, Хелен Келер не само ...
12 соседи кои како да се излезени од рајот (ќе посакате и вие такви) „Мојот глувонем сосед неколку дена се врткаше низ дворот, а ние мислевме дека пр...
16 фото-докази дека бракот никогаш не е здодевен „Дома почна да мириса на изгорена пластика, сопругот ме зеде за рака, ме одведе ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg