Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Зошто времето е против вас?

Времето е само димензија мерена со час, минута и секунда. Но, дали имате размислувано за тоа што навистина претставува времето и зошто никогаш не е на ваша страна?

zosto-vremeto-e-protiv-vas-01

Времето во суштина стои во просторот, а вие сте тие кои се движат и влијаат врз него. Еве неколку искрени причини зошто времето е секогаш против вас.

Не сте доволно трпеливи

Дајте му време на времето. Ова е една од причините зошто времето не е на ваша страна. Бидејќи не му давате доволно простор. Бидете трпеливи, сè се случува во свое време, па и добивањето време на ваша страна.

Времето не оправдува

Времето не познава оправдување. Не е личност за да може да ја манипулирате и лажете. Наместо постојано да барате оправдувања, потрудете се да успеете во тоа што сте го наумиле и да не се откажувате. Така времето секогаш ќе биде на ваша страна.

Не ги гледа вашите парични средства

Тоа не познава богат или сиромашен човек. Сметката за струја сепак на крајот од месецот мора да биде во вашето поштенско сандаче. Направете распоред на паричните средства и времето ќе биде на ваша страна повторно.

Премногу сте бавни

Времето е како река, а вие сте како полжав. Тоа е грешка која ја прават сите луѓе. Премногу се бавни бидејќи се плашат од неуспех и преземање ризици. Бидете храбри и движете се во ритамот на времето. Само така ќе бидете на иста бранова должина со него.

zosto-vremeto-e-protiv-vas-1

Сака да си игра со вас

Да, добро прочитавте. Времето понекогаш сака да си игра со вас. Тоа се случува бидејќи ги избегнувате обврските и ги запоставувате вашите желби. Потоа сè како бумеранг ве удира по глава и сфаќате дека сте направиле грешка што сте играле со времето. На крај тоа ќе ви врати со иста мера.

Не ве оправдува ни кога сте болни

Иако сте болни, не смеете да го пропуштите семинарот вреден илјадници евра. Ова е една од одликите на времето врз која немаме контрола. Едноставно треба да се приспособиме на него и да се трудиме да издржиме и најтежок ден кога тоа не е на наша страна.

Секогаш сака да брза кога сте на одмор

Познато ви е дека времето секогаш побрзо минува кога ќе решите да заминете на одмор. 10 дена ви прелетуваат пред очи како 10 минути.

Тоа е така бидејќи сте преоптоварени со обврски и постојано мислите на нив. Поради тоа нормално е негативните мисли побрзо да ве донесат до вашите проблеми и обврски, посебно кога сте на одмор.

Бидејќи времето е пари

Времето е пари, а парите го вртат светот, како што врти рулетот.  Добро ви е позната оваа реченица нели?

Навистина треба да се соочите со фактот дека времето е пари и да го искористите максимално на најефикасен начин. Само така ќе постигнете ефект и тоа секогаш ќе биде на ваша страна!

zosto-vremeto-e-protiv-vas-2

Би можело да ве интересира:

„30.000 денари не се многу пари да ги имаш, но се многу пари да ги должиш“ и уште неколку корисни со... „За нешто што си го направил, можеш да бидеш вознемирен 5 минути или 5 месеци, н...
Фото-докази дека некои луѓе се поголеми баксузи од вас и имаат полош ден од вашиот „Клучот ми паднал на паркинг полн со снег – кога сфатив, се вратив да го побарам...
10 фото-докази дека времето остава белег Од факс машина со скенер користена толку многу низ годините што хартијата ја исе...
Милиони за патувања, храна, обезбедување: Колку пари троши папата и како ги заработува? Папата не зема плата во традиционална смисла на зборот, но за неговите потреби с...
10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
16 фото-докази дека бракот никогаш не е здодевен „Дома почна да мириса на изгорена пластика, сопругот ме зеде за рака, ме одведе ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg