Ризици кои секој треба да ги преземе во животот

Животот се состои од постојани ризици и предизвици. Затоа е возбудлив и интерсен. Сите достигнувања, секој нов чекор, па дури и секој пад ни го прави животот побогат и вреден за паметење.

rizici-koi-sekoj-treba-da-gi-prezeme-vo-zivotot-01

Не треба да се плашиме да преземеме ризици, бидејќи никогаш не се знае до каде може да стигнеме и што сè може да постигнеме. Стравот е најголем затвор.

Добро познато е дека оној кој ризикува, тој и добива. Ако сте плашлива личност која не ризикува во секоја ситуација, дозволете си барем некој од овие ризици, кои еднаш во животот мора да ги направите и нема да зажалите.

Да тргнете во непознат правец

Не е важно дали се однесува на патување во непозната земја, улица или правење на нешто ново за вас.

Она што е важно е да го почувствувате адреналинот измешан со страв поради непознатото. Кога ризикот ќе биде преземен ќе се чувствувате супериорни.

Да ве откачи момчето/ девојката

Ви се допаѓа момчето/ девојката на шанкот спроти вас? Соберете храброст и пријдете.

Ризикот може да ви донесе позитивен исход кој ќе ја зајакне вашата самодоверба, а доколку се случи обратното не се разочарувајте.

Секогаш ќе се најде друга прилика.

Да ве одбијат за работното место на кое сте аплицирале

Кога сте го пронашле огласот, сте помислиле дека тоа е совршеното работно место за вас. Сте аплицирале, но одговорот бил негативен.

Преземањето  ваков ризик ќе ги подобри вашите комуникациски вештини и ќе ја зголеми вашата желба за усовршување и поголем прогрес.

Да направите хаос од својот живот

Хаосот е поуспешен од мирот кој е подобро организиран. Но, знаете ли што?

Понекогаш е добро да ги пуштите конците од ваши раце и да оставите на времето да решава за вашиот живот.

За време на тој период одморете го вашиот мозок и средете ги мислите. Кога ќе се вратите, повторно ќе ги држите конците, но овој пат поцврсто.

Да не ги почитувате правилата

Правилата се поставени за да се прекршат.

Клише, но, сепак логично. Доколку живеете постојано со правила, вашиот живот ќе стане рутина. Не го дозволувајте тоа и прекршете ги.

rizici-koi-sekoj-treba-da-gi-prezeme-vo-zivotot-1

Ризикот од кажување на зборовите "Tе сакам"

Можеби еден од најопасните ризици кои треба да се преземат, но и вреди да се искусат.

Кога љубовта е возвратена чувството е прекрасно, но кога не е, тогаш вие станувате посилни, после периодот поминат во очај.

Ризикот да бидете озборувани

Луѓето и онака ќе зборуваат. Затоа подобро дајте им добра тема на озборување. Правете го тоа што го сакате без разлика што ќе кажат другите.

Да признаете дека не знаете нешто

Човек учи додека е жив, нема ништо срамно во тоа да покажете дека не знаете сè.

Така луѓето ќе ве почитуваат и секогаш ќе бидат тука да ви помогнат, бидејќи знаат дека се работи за искрена личност до нив.

Ризикот да им верувате на луѓето и да им се отворите

Дефинитивно најголемиот ризик . Но, без да го преземете секогаш ќе се чувствувате огорчено, осамено и ќе ги потиснувате емоциите во себе.

Дајте им шанса на луѓето, можеби ќе наидете на човек.

rizici-koi-sekoj-treba-da-gi-prezeme-vo-zivotot-2

 Кој е вашиот најголем ризик?

Би можело да ве интересира:

Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...
8 сурови вистини од кои ќе научите многу за животот Ако не се борите за тоа што го сакате, не треба да плачете за тоа што ќе го изгу...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
14 навики кои ни даваат сила и енергија во животот Запознаваме нови луѓе. Ги надминуваме своите стравови. Минуваме време со луѓе ко...
Ситници во домот за кои гостите ќе ви бидат благодарни кога преноќуваат кај вас Вазна со свежо цвеќе, удобни влечки и шише вода во собата во којашто ќе спијат –...
5 потсетници кои ќе ви помогнат полесно да ги прифатите големите (и неизбежни) животни промени Не заборавајте дека промените ни помагаат да созрееме, но и дека секогаш ни носа...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg