5 вежби за подобрување на меморијата

Меморијата може да се подобри во секое време, но потребно е постојано вежбање, мотивација и надградување. Ако имате проблем со меморијата не мора да пиете лекови, доволно е да правите 5 едноставни вежби кои ќе ви помогнат да ја развиете и да успеете секојдневно да ја обновувате со нови информации.

5-vezbi-za-podobruvanje-na-memorijata-01

1. Чкртајте

Додека сте на состанок или предавање и ви се чини дека е досадно, но мора да бидете присутни, тогаш отворете го тефтерот и чкртајте или запишувајте зборчиња што ќе ви прелетаат од она што го слушате. На тој начин ја одржувате работната меморија, а подоцна кога ќе ги видите зборчињата ќе се сетите и на она што било кажано.

2. Читајте

Постојано и во секое време кога можете, читајте. Така ја одржувате концентрацијата, внимавате на содржината и ги поврзувате работите. Читањето е секогаш корисно за меморијата.

3. Гответе без рецепт

Прочитајте го еднаш рецептот и одете во кујната. Не се навраќајте до ливчето туку трудете се да се сетите на секоја состојка. На тој начин м,ногу полесно ќе го запаметите. Можеби првично ќе ви оди бавно, но следниот пат нема да има потреба ни да го погледнете рецептот.

4. Мирисајте рузмарин

Научно е докажано дека рузмаринот ја поттикнува концентрацијата и влијае на доброто помнење. Притоа ослободува пријатен мирис кој ве опушта и ве смирува за полесно да се сетите на она што ви е потребно.

5. Користете Фејсбук

Умереното користење на Фејсбук помага постојано да забележувате нови информации и да ви остануваат во меморијата, да се присетувате и да се навраќате. Преку Фејсбук дознавате многу работи одеднаш и со тоа ја развивате меморија за да запомните или да ги обновите.

Би можело да ве интересира:

8 митови за очила за сонце што можат да ви ги оштетат очите Треба да носите очила со UV заштита и во зима, а и не мора да купувате многу ска...
10 фотки кои ќе ве збунат – доказ дека начинот на кој ги гледате работите многу менува За некои фотки ќе треба да погледнете двапати, а можеби и повеќепати за да сфати...
„Лицето ми беше уништено по напад со жилет – морав да се откажам од кариерата како модел, но сега су... На само 25-годишна возраст, Марла Хансон, која тогаш работела како модел во Њујо...
10 чудни фотографии, кои се совршени на свој начин „Никогаш не сфатив кај е телото на мајка ми на оваа фотка од детството“. „Ник...
„Ме киднапираа сомалиски пирати – 11-годишно дете ми се закануваше со пиштол, поминав 3-месечен пеко... „На секои пет денови, се менуваше групата мажи што нè чуваа. Повеќето беа само ч...
Како да се спакувате во една торба (или рачен багаж) за одмор? Спакувајте се во што е можно полесна торба и размислете дали некои продукти, как...

Најчитани неделава