Дали сте суеверни?

dali-ste-sueverni-povekjeУште од минатото луѓето веруваат во разни причини и разни природни настани, расни знакови кои укажуваат на среќа или несреќа. Некои од овие суеверија...

 

...сигурно веќе сте ги чуле, но можеби има и такви за кои не сте знаеле. Внимателно читајте за да дознаете што може да ви донесе среќа, а што несреќа.

Среќа е...

  • Ако во куќата ви влезе жаба.
  • Ако одите кај фризер и ја скратите косата кога има невреме, животот ќе ви биде посреќен.
  • Одење по дожд, кршење проѕирни чаши од необоено стакло, ако на вас слета бубамара, ако ве чеша главата на врвот на темето...

Несреќа е...dali-ste-sueverni

  • Петок 13ти - Според скандинавското верување бројот 13 е несреќен затоа што 12-те скандинавски богови ги здружил 13-тиот кој бил зол; според христијанското верување Исус бил распнат во петок, а бројот на гостите на последната вечера бил токму 13 каде 13-тиот бил предавникот Јуда.
  • Црна мачка - во стариот Египет божицата Баст била црна женка мачка. Црната мачка која ви го пресекува патот според христијанските верувања е демон којна вашиот пат создава злобна препрека која ве одвојува од бога и спречува влез на небото.
  • Секако, ако сакате да ја избегнете несреќата немојте да ставате шешир на кревет, да сечете нокти во петок, да станете од кревет на лева нога, да искршите огледало, да пеете пред доручек, да отворите чадор дома, на Велигден обавезно облечете нови алишта и сл.

Останати интересни верувања

  • Ако куче јаде трева значи дека ќе врне.
  • Стаорци кога бегаат од брод - бродот ќе потоне
  • Прекрстени нозе додека играте карти носи несреќа.
  • Ако ве чеша носот сигурно ќе се скарате со некого.
  • Дете кое се раѓа со заби кога ќе порасне ќе стане себична личност.
  • Ако додека сте живееле сте биле злобни, на гробот ќе ви расте коров.
  • Несреќа е ако на погреб дојде бремена жена.

Имате да додате и вие некое верување?

Би можело да ве интересира:

Митови за преживување кои не се само лажни, туку и опасни Немојте да пиете вода од кактус ако се изгубите во пустина бидејќи ова може да в...
„Ја организирав евакуацијата по катастрофата во Чернобил – бев само по маичка и здолниште, несвесна ... „Првиот автобус пристигна во 14 часот. Стоев во мојата маичка и моето здолниште,...
Одземена титула, прогласување погрешна победничка: Најголемите контроверзии на Мис Универзум Неколку мисици ги изгубиле титулите поради однесувањето или непромислените изјав...
Го изгуби целото семејство, се предозира на 37 години: Трагичниот живот на ќерката на Аристотел Оназ... Ќерката на Аристотел Оназис била несакано дете и татко ѝ дури ја истепал мајка ѝ...
Вистински бисери, винтиџ сет за трпезарија - 14 луѓе кои пронајдоа богатство во продавници од втора ... „Ќерка ми најде винтиџ комплет од Victoria’s Secret. На него пишува дека е од 19...
Забавна фото-компилација: Мутирани растенија што изгледаат како од друга планета Велат дека е среќа ако најдете детелина со четири листа. Но, дали сте виделе со ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg