20 знаци дека ви се потребни големи животни промени

Единствениот начин да внесете позитивна промена во својот живот, е да донесете одлука за истата.

20-znaci-deka-vi-e-potrebna-zivotna-promena-1

Никој не може, ниту пак некој би се обидувал да ве убедува или да ве натера да направите промена.

Промените се составен дел од животот и на нив треба да гледате како позитивно искуство кое ќе ви го збогати животот.

Ако се препознаете барем во половина од овие 20 реченици - време е да промените нешто уште денес!

1. Секоја недела сте нервозни заради почетокот на работната седмица.

2. Сите ситници започнуваат да ви пречат.

3. Се чувствувате како сите да грешат и да не се во право.

4. Гледате среќни фотографии од други луѓе и во вас се создава чувство на љубомора.

5. Се лутите кога некој ќе ви каже да се смирите.

6. Често укажувате на туѓите маани.

7. Се нервирате заради разговори и состаноци кои сте ги имале во минатото.

20-znaci-deka-vi-e-potrebna-zivotna-promena-2jpg

8. Уште чувствувате горчина заради претходните проблеми во вашиот живот.

9. За да го елиминирате секојдневниот стрес, на крајот од денот консумирате алкохол.

10. Деновите ви поминуваат во исчекување на настани кои треба да се случат во далечната иднина.

11. Не можете мирно да седите.

12. Секогаш се споредувате со другите.

13. Константно сте во заострени односи со луѓето со кои работите или соработувате.

14. Имате многубројни очекувања од луѓето во вашиот живот, но тие не се исполнуваат.

20-znaci-deka-vi-e-potrebna-zivotna-promena-3-jpg

15. Се чувствувате уморни штом станете од кревет.

16. Се плашите дека засекогаш ќе останете сами.

17. Си кажувате себе дека вашите соништа се само соништа и дека треба да се навикнете на моменталниот живот, без разлика каков и да е.

18. Ги озборувате пријателите и не се радувате на нивните успеси.

19. Често се прашувате: „Дали е ова тоа?” 

20. Се чувствувате како да носите огромен товар. 

Во колку се препознавте?

Би можело да ве интересира:

18 бизарни работи заради кои не знаете дали да се смеете или плачете (фото) „Вреснав од страв кога се запали светлото во тоалетот во ресторанот“ „Вреснав...
12 суптилни знаци дека некоја личност немала лесен живот (и доживеала трауми) Буквално ништо што ќе кажете не може да ги шокира и добро се справуваат со лошит...
5 работи што луѓето во Финска ги прават поразлично од нас (и затоа се посреќни) Сметаат дека потиснувањето на емоциите не им е од корист и без разлика каде живе...
15 фотки од луѓе кои сакаат да ја споделат својата среќа (и да ви го подобрат расположението) Пар кој тргнал на авантура со камп-приколка, маж кој дипломирал на 34-годишна во...
12 очајни онлајн нарачки, поради кои и ќе ви падне жал за луѓето што ги добиле (фото) „Порачав фустан и стрпливо го чекав 3 месеци, Дури и го пробав за да му дадам ша...
6 илустрации колку навистина се менува врската по 10 години љубов (и неколку деца) Ако на почетокот на вашата врска „бегавте“ од неговата куќа затоа што ви се одеш...

Најчитани неделава