Гладна за љубов

Слушајќи го дождот, сама на балконот го почувствував гладот на љубовта од кој ми кркореше срцето. Не се слушаше од вревата на капките кои силно паѓаа врз тлото, но јас го слушав гласно во моите уши како се шири низ моето тело, глава и душа... се растревожив.

gladna-za-ljubov-1

Од тој глад што го почувствував се присетив на една приказна која сакам да ви ја раскажам.

Шетав така низ паркот, сонцето паѓаше врз мојата глава и ми создаваше мачнина, бидејќи бев изнемоштена.

Мислејќи дека таа прошетка ќе ми ја разбистри главата, си направив да се чувствувам полошо бидејќи сфатив дека чекорам сама. Нема никој покрај мене кој би ми ја фатил раката и би ме прегрнал нежно, исто како што тој убав ден ги прегрнуваше сите кои што памет му се насмевнуваа.

Си помислив, толку сум тажна, што ни денот не сака да ме прегрне плашејќи се дека ќе му ја пренесам мојата осаменост и тага.

Шетајќи така, наидов на еден старец кој седеше на последната клупа во паркот. Сам со бастун во рака уживаше во тој сончев ден.

Решив да му се придружам.

Слободно е? – прашав. Ми одговори дека е слободно. Седнав и почнав да го набљудувам како што правам со сите луѓе отсекогаш.

Светлината во неговите очи ми покажуваше дека е среќен. Поминал исполнет живот и сега сам ужива во овој прекрасен ден. Се видов себеси во него после 50 години.

Но, имаше нешто што сакав да биде различно кога јас ќе седам на таа клупа после 50 години. Сакав некој да седи до мене и заедно во тишина да уживаме во еден од тие прекрасни старски денови кои ме очекуваат.

Му реков, дедо гладна сум. Ме погледна и ми рече – Да не ти требаат пари за кифла, ќе ти дадам?

Му реков, не, гладна сум за љубов. Немам никој покрај мене и не сакам да завршам како тебе седејќи сама на клупата и размислувајќи за тоа што сум можела да променам додека сум била млада.

Се насмевна онака како што стар човек би му се насмевнал на младо незрело девојче кое не разбира ништо.

Ми раскажа за неговата жена која починала пред неколку месеци. Биле во брак цели 55 години, а на клупата каде што седеше моментално седел заедно со неа додека била здрава и способна заедно да пешачи со него.

Ми раскажа дека починала од природна смрт, во сон. Си помислив и јас ја посакувам таа смрт.

Како да ми ги прочита мислите - Знам дека секој би посакал таква смрт, рече.

Мојата жена беше најубавата, најмилата и најдобрата личност на светот. Бог и даде безболна смрт бидејќи не сакаше да ме гледа мене како би тажел кога таа би се мачела.

Тогаш сфатив дека тој не само што водел исполнет живот, бил сит, сит од љубов.

gladna-za-ljubov-2

Ми рече да не се грижам. Такви биле луѓето денес. Ладни. Во негово време сè било поразлично.

Неговата сопруга додека била негова девојка не играла со него љубовни игри за да го задржи бидејќи знаела дека ќе го има засекогаш ако му се предаде искрено и безрезервно го сака.

Почувствував љубомора. Со мене никој досега така не се однесувал како што се однесувала неговата сопруга со него. Никој нема пробано да ме сака искрено и безрезервно. Никој нема пробано да ме запознае со три едноставни зборови – Претстави ми се, наместо преку игра – Ќе те откријам.

Го прашав дали неговата сопруга некогаш го напуштила, ми рече дека не. Тој што те напушта, не те ни сака. Тој што те остава сам да се соочуваш со проблемите откако те пронашол значи не сака да се соочува со понатамошните проблеми заедно со тебе.

Тој што те сака, никогаш нема да се врати, бидејќи никогаш нема ни да замине.

Старецот ме гушна и ми даде уште еден совет:

- Оди, пронајди го својот пат и не дозволувај никој да те натера да скршнеш од него. Не дозволувај никој да те натера да се каеш поради неговите грешки. Не биди гладна. Светот е полн со љубов. Еден ден ќе ја пронајдеш и ти.

Доколку сè уште не си ја пронашла не значи дека не ја заслужуваш или не постои. Значи дека Господ чува нешто многу добро за тебе и ќе ти го даде тогаш кога ќе почувствува дека си подготвена.

Наеднаш жешкото сонце кое ми ја отежнуваше главата го снема. Станав, се поздравив со старецот. Му се заблагодарив што позборува со мене и си заминав.

На патот кон дома размислував. Старецот беше во право. Јас заслужувам сè! Јас го заслужувам најдоброто! Не заслужувам да бидам гладна за љубов кога таа е насекаде околу мене.

Решив дека отсега ќе чекам самата да ме најде. Знам дека ќе ме најде, еден ден...

gladna-za-ljubov-3

Би можело да ве интересира:

10 инспиративни жени кои родителите ги изгласаа како посакувани идоли на своите ќерки Ема Вотсон, Мишел Обама и Марија Кири се дел од инспиративните жени кои се доказ...
Смрт на сакана личност и уште 11 траорни искуства (кои луѓето може да ги разберат само ако минале ни... Болката да се биде во врска со некој кој те злоупотребува психички и физички и к...
Бизарните обичаи на африканското племе Хамар: Жената се камшикува за да докаже дека е достојна за бр... Пред да се ожени со неа, мажот ја камшикува жената, а таа не смее ни да заплаче,...
Пар наместо дете посвоил возрасна жена со џуџест раст, која сакала да ги убие - Бизарниот случај на ... Кога маж и жена ја посвоиле Наталија Грејс во 2010-та, тие мислеле дека таа е 6-...
Токсичната врска на Марија Калас и Аристотел Оназис: Ја изневерил со Џеки Кенеди, јавно ја понижувал Познатиот грчки богаташ ѝ бил најголемата љубов на оперската дива Марија Калас, ...
Без предрасуди и табу теми - Како треба да се однесува жената во 40-тите? Треба да сака со целата своја сила, да патува во светот, да си најде љубовник ак...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg