16 совети кои би си ги кажала сега, откако пораснав

Грешките од минатото не трансформирале во личностите кои сме денес. Некои од нив се глупави, а на некои требало да обрнеме повеќе внимание пред да ги направиме. Но, тоа што било - поминало.

16-soveti-koi-bi-si-gi-kazala-sega-otkako-porasnav-01.jpg

Сега сфаќаме дека завршувањето на првата врска не значи крај на светот, а единицата во гимназија нема да не попречи во остварување на нашите соништа.

Освен тоа ова се 16 совети кои посакувам помладата „Јас“ да ги знаела во минатото:

1. Престани да плачеш заради глупави момчиња!

2. Не дозволувај родителите да влијаат врз изборот на твоето образование.

3. Доколку се интересираш за музика, уметност или пишување, не откажувај се од твојот сон, иако се уште си мала.

4. Цигарите и алкохолот не ти требаат за да се вклопиш во друштвото!

5. Премногу си млада за шминка, твоето лице е чисто и прекрасно.

6. Доколку не си подготвена, не искусувај го првиот сексуален однос под притисок на твојот дечко.

7. Неоправданите на училиште нема да те спречат да си ги оствариш соништата, ниту пак единиците.

8. Најучените деца во класот на кои им се восхитуваш не се најинтелегентните.

9. Во ред е да не знаеш математика.

10. Поголемиот дел од твоите „другарки“ не ти се така блиски како што си ги замислуваш.

11. Верувај и на својата интуиција.

12. Слушај ги и повеќе почитувај ги родителите.

13. Читај повеќе книги.

14. Интересирај се повеќе за странски јазици.

15. Диетата на 16 години не ти е потребна, тогаш твоето тело се уште се оформува и расте. Храни се правилно за да бидеш здрава!

16. Сакај се себеси!

Кои се советите до вашето помладо „Јас“?

Би можело да ве интересира:

12 фото-докази дека на некои луѓе треба да им се забрани да влезат во кујна „Мајка ми направи торта за роденденот на внука ми, инспирирана од Angry Birds. С...
12 докази дека бабите во минатото имале „златни раце“ (фото) „Баба ми ја направи куклава, од порцеланот, преку фустанот, до чадорот“ „Баба...
Апчиња со арсен, шери по секој оброк – бизарни „трикови“ за слабеење од минатото Апчињата за слабеење со мало количество арсен биле хит, а извесен период жените ...
„Прво беше харизматичен, но стана насилен, ми ја запали целата облека – 2 години се подготвував да и... „Кога ќе си дојдев дома, ме испрашуваше, па кршеше предмети по дома, ме заклучув...
Грешки што ги прават родителите кога купуваат облека и прибор за новата учебна година Тесни панталони, џемпери со тесни јаки, прибор кој детето нема ни да го користи ...
Ужасни фотки од храна од кои ќе изгубите апетит Лазања со кулен наместо мелено месо, англиски појадок до јајца кои очигледно не ...

Најчитани неделава