Како да го одржите градникот како нов?

Секоја жена води битка со обликот, жиците и боите на градникот, кои по само неколку перења ја менуваат првобитната форма.

kako-da-go-odrzite-gradnikot-kako-nov-01.jpg

За да го сочувате омилениот градник како штотуку да сте го купиле, почитувајте ги овие правила при секое перење:

1. Закопчајте го градникот пред перење - За да не ви се виткаат краевите или да не се закачи за друго парче облека, најдобро е секогаш да го перете закопчан.

2. Наместете ја температурата - Ако градникот го перете на рака, правете го тоа во студена вода. Ако го перете во машина, исклучете ја центрифугата и наместете ја температурата на 30 степени.

3. Купете вреќичка за долна облека - Градниците и гаќичките најдобро е да ги перете одделно, во вреќички наменети за нив.

4. Спојте ги боите - Секогаш перете го градникот со облека во слична боја за да не ви се случи незгода. Никој не сака кога штотуку облечениот градник има некоја чудна мешавина на бои и шари.

kako-da-go-odrzite-gradnikot-kako-nov-02.jpeg

5. Внимавајте на тежината на ткаенините - Нежните градници никогаш не ги перете со фармерки, пешкири или крути и тешки парчиња облека. Облеката селектирајте и перете ја според тежината. Јасно ни е дека секогаш имате простор за уште еден градник плус во машината, но до ова правило вреди да се задржите.

6. Враќајте ги перничињата на свое место - Ако перете push-up градник, уште додека е мокар, задолжително наместете ги перничињата кои најверојатно се изместиле.

Би можело да ве интересира:

Одговори на 12 прашања што сите нè мачат, низ илустрации Дали да се туширате навечер или наутро, колку често да ја менувате четката за за...
10 забавни ситуации во кои ќе се препознаете и себеси и своите колеги Постојат шефови кои секогаш ветуваат награда за екстра работа, а на крајот се пр...
9 трикови за пакување за во куферот да не ви владее хаос (и да собере сè) Купете организери за куфер, а за на плажа, ќе ви завршат работа и потенки крпи к...
Апчиња со арсен, шери по секој оброк – бизарни „трикови“ за слабеење од минатото Апчињата за слабеење со мало количество арсен биле хит, а извесен период жените ...
Салами замотани како јаже и уште 11 работи што може да се видат само во Италија (фото) „Мијалник со две педали за топло и ладно, наместо рачки на чешмата“, „Во италија...
„Лицето ми беше уништено по напад со жилет – морав да се откажам од кариерата како модел, но сега су... На само 25-годишна возраст, Марла Хансон, која тогаш работела како модел во Њујо...

Најчитани неделава