Дури и најлошиот ден има само 24 часа!

Не ми е денот, веќе неколку години – реченица која утрово ја слушнав од еден мој пријател. Беше смешна, но истовремено и тажна бидејќи почувствував дека тој не знае како да се справи со тие 24 часа во денот кои му стојат на располагање.

duri-i-najlosiot-den-ima-samo-24-casa-1

Едноставно дозволуваше да му поминуваат во лошо расположение, обврски, необрнување внимание на себеси, без време за одмор и лоша среќа.

Сето тоа е производ на неговите мисли, бидејќи какви што ти се мислите таков ти е животот.

А што да правиме со еден лош ден?

И најлошиот има само 24 часа, многу е важно да го запомниме тоа и да избереме некоја друга опција, освен опцијата која не одзема многу енергија – да го преспиеме.

Ова се неколку чекори кои ќе ви помогнат не да го преживеете, туку да го живеете секој ден кој го класифицирате како лош:

Чекор 1: Не верувајте во суеверија

Станувате од кревет на лева нога и веднаш го класифицирате денот како лош.

Тоа е она што ќе ве натера  да се чувствувате несигурно и несреќно бидејќи едноставно денес сте станале на лева нога. Отфрлете ги суеверијата и следниот пат кога ќе станете на лева нога, само насмевнете се и не обрнувајте внимание на тоа.

Чекор 2: Насмевнете се

Без разлика дали ќе добиете лоша вест, ќе се соочите со неочекуван проблем или пак колегата на работа се обидел да ве изнервира, запрашајте се дали истото ќе ви биде важно после 5 години?

Ако одговорот е не, насмевнете се и уживајте во денот без да се оптоварувате со глупави работи. Ако одговорот е да, ќе ми биде важно после 5 години, лошата вест примете ја со разбирање и надеж дека ќе биде подобро, а за проблемот кој се појавил не размислувајте, решението ќе ви дојде само доколку се опуштите и му пристапите со ладна глава.

За колегата на работа не е потребно објаснување, доволна е само една насмевка која ќе му покаже дека не успеал да допре до вас.

Чекор 3: Преминете во акција

Обврска ви е да станувате рано за на работа или факултет и се чувствувате истоштено и несреќно. Едноставно, денот го започнувате со лоша мисла и самосожалување.

За промена, започнете го со насмевка.

По утрото денот се познава, а доколку насмевката и позитивните мисли ги дружите во почетокот на утрото, голема е веројатноста тие да ве дружат во остатокот на денот.

Следно е да преминете во акција, насмевката не е доволна сама по себе, станете од креветот полни со енергија и подготвени да се соочите со денот кој е пред вас.

Чекор 4: Негативната енергија исфрлете ја преку физичка активност

Доколку се работи за лош неделен ден во кој немате обврски. а се чувствувате негативно и нервозно, исфрлете ја таа енергија преку физичка активност. Одете во теретана или трчајте во парк.

Може да одберете и пливање или возење со велосипед. Што и да направите нема да погрешите, а дополнителен ефект ќе добиете ако во секоја физичка активност се смеете. Насмевката побрзо ќе ја исфрли негативната енергија и ќе ве расположи и без ваше одобрение.

duri-i-najlosiot-den-ima-samo-24-casa-2

Чекор 5: Посветете си време себеси, а подоцна опкружете се со позитивни луѓе

И покрај обврските, украдете еден од тие 24 часа и посветете си го само себеси. Прочитајте добра книга, направете си го омиленото кафе, одете на фризер или пак релаксирајте се во топла бања.

Само доколку сте способни себеси да си посветите внимание и нега, ќе знаете како да го направите тоа и со луѓето околу вас. Препорачливо е да ги елиминирате негативните пријатели и да оставите простор за оние позитивните од кои може да украдете дел од нивната позитивна енергија.

Чекор 6: Потсетете се дека денот има само 24 часа кои вие мора да ги искористите максимално и на позитивен начин, доколку сакате следното утро да се гордеете со вашата храброст, упорност и позитивен став кон животот. Верувајте дека ќе се почувствувате како да сте го победиле денот!

Би можело да ве интересира:

10 инспиративни жени кои родителите ги изгласаа како посакувани идоли на своите ќерки Ема Вотсон, Мишел Обама и Марија Кири се дел од инспиративните жени кои се доказ...
Бев срамежливa 20 години - Како си ја зголемив самодовербата и престанав да се срамам? Секогаш бев она дете кое седи само во клупа. Срам му е да крене рака да одговара...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
Бизарните обичаи на африканското племе Хамар: Жената се камшикува за да докаже дека е достојна за бр... Пред да се ожени со неа, мажот ја камшикува жената, а таа не смее ни да заплаче,...
Самоубиство, предозирање, убиство: Деца генијалци чии животи завршиле трагично Програмерскиот гениј Арон Шварц изврши самоубиство на само 26 години, додека ист...
Попај навистина постоел, но не бил морнар и не јадел спанаќ - Како настанал омилениот цртан лик? Вистинскиот Попај бил силен, храбар и обожавал деца, но не бил морнар и не јадел...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg