Годишното време во кое сте родени ви го одредува карактерот: Дали сте летно или зимско дете?

Дури и ако не верувате во астрологијата, неодамнешното истражување спроведено во Будимпешта, ја прикажа врската помеѓу годишното време на раѓање и личноста.

godisnoto-vreme-vo-koe-ste-rodeni-vi-go-odreduva-karakterot-dali-ste-letno-ili-zimsko-dete-18.jpg

Зависно од биолошкиот часовник и количината на дневната светлина во периодот на раѓањето, така се утврдуваат и личните карактеристики.

Какво дете сте вие? Летно или зимско? Проверете си ги карактеристиките:

Пролет

Родените во пролет имаат посебен темперамент кој ги прави позитивни. Затоа, пролетните деца често се опишуваат како оптимисити кои лесно го изразуваат својот ентузијазам. Не им е потребно долго за да се „загреат“ за некој идеја. Не се претерано склони кон депресија, а често поседуваат и некој уметнички талент.

Лето

Луѓето родени во летните месеци имаат чести промени на расположението кое не мора да бидат поврзани со нешто конкретно. Исто така, склони се кон поголеми нервози. На летните деца им се препишува заљубеноста во природата и нејзината хармонија. Често ги менуваат работните места и се во центарот на конфликти.

godisnoto-vreme-vo-koe-ste-rodeni-vi-go-odreduva-karakterot-dali-ste-letno-ili-zimsko-dete-19.jpg

Есен

И покрај дождовите и тмурното време, луѓето родени во есенските месеци се најмалку склони кон депресија. Иако не им се препишува претерано позитивен, туку рационален карактер, есенските деца имаат најмал ризик од ментални нарушувања. Исто така, сакаат да бидат физички активни.

Зима

Луѓето родени во зима се емотивно најстабилни, т.е. најотпорни на емоционални стресови. На тоа влијае големата количина сонце кое го „впиле“ додека биле во стомакот на мајката. Зимските деца се водат по разумот, не по емоциите. Ги краси упорност во своите ставови и цели.

Би можело да ве интересира:

8 митови за очила за сонце што можат да ви ги оштетат очите Треба да носите очила со UV заштита и во зима, а и не мора да купувате многу ска...
12 очајни онлајн нарачки, поради кои и ќе ви падне жал за луѓето што ги добиле (фото) „Порачав фустан и стрпливо го чекав 3 месеци, Дури и го пробав за да му дадам ша...
„Мислев дека имам совршен живот со маж ми, но тој водел двоен живот – имал деца со друга жена и бил ... Британката Лејси била сигурна дека го живее сонот - имала сопруг кој ја сака, за...
5 работи што луѓето во Финска ги прават поразлично од нас (и затоа се посреќни) Сметаат дека потиснувањето на емоциите не им е од корист и без разлика каде живе...
„Другарка ме третира како бесплатна дадилка – ми ги остава децата без најава, очекува да им готвам“ „Јас работам од дома и немам деца. Но, не сум во финансиска состојба која ми ово...
12 суптилни знаци дека некоја личност немала лесен живот (и доживеала трауми) Буквално ништо што ќе кажете не може да ги шокира и добро се справуваат со лошит...

Најчитани неделава